Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес
ХРОНИКА

Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес

Објавено September 20, 2025 15:45
Сподели
Сподели

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1, како и продолжено кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од преземените предистражни дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, ја демнел последните неколку месеци, се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира и се дружи жртвата, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со тоа кај неа предизвикувал чувство на несигурност, вознемиреност и страв.

На 18 септември, во повеќе наврати во текот на целиот ден, вршел грубо насилство врз жртвата и притоа телесно ја повредил, и тоа еднаш на работното место, а потоа три пати доаѓал во нејзниот стан каде насилно влегувал.

Ценејќи ги сите околности, особено фактот дека осомничениот работи заедно со жртвата, неговата упорност физички да ја напаѓа и малтретира во еден ден, како и фактот дека претходно не му се определени привремени мерки за заштита од семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на неговите насилнички дејствија.

Воедно, поради неговото занимање и важечка документација за премин на државната граница, тој е во можност да се даде во бегство, па до Основниот суд во Велес, надлежниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и ја определи мерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа
Следна Статија Засега потврдени осум од 17-те кандидатури за градоначалник на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Маж и жена во Карпош дилале екстази и амфетамин

Две лица од Скопје се уапсени синоќа под сомнение за недозволена трговија со дрога, откако полицијата при претрес во стан…

December 13, 2025
ХРОНИКА

Тошковски: Два часа пред трагичниот настан, полицијата била пред зградата и разговарала по пријава за расправија меѓу сопружниците

Два часа пред мајката и девојчето во скопски Карпош да го завршат животот со пад од тераса, полицијата била пред…

March 3, 2026
ХРОНИКА

Управител на струмичка фирма затаил над 2,2 милиони денари данок

Управител од Кавадарци и струмичка фирма осомничени за затајување на над 2,2 милиони денари данок. Секторот за внатрешни работи (СВР)…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Почина д-р Писевски – Клиниката се збогува со гастроентерохепатологот

Почина д-р Христијан Писевски – специјалист гастроентерохепатолог. Оваа информација ја објави Клиниката Жан Митрев кадешто докторот работеше. -По долго боледување…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?