Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Измислена нова вакцина за трудници во Велика Британија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Измислена нова вакцина за трудници во Велика Британија
ЗДРАВЈЕ

Измислена нова вакцина за трудници во Велика Британија

Објавено May 2, 2026 17:54
Сподели
Сподели

Во Велика Британија е воведена нова здравствена стратегија насочена кон заштита на новороденчињата преку вакцинација на бремените жени против респираторниот синцицијален вирус (РСВ) – инфекција која секоја година погодува илјадници бебиња во првите месеци од животот. Иако често се смета за обична настинка, овој вирус може да има сериозни последици кај новороденчињата, предизвикувајќи отежнато дишење, проблеми со хранење, како и тешки воспаленија на белите дробови кои во повеќето случаи бараат болничко лекување.

„Според податоците на британските здравствени власти, повеќе од 20.000 бебиња годишно се хоспитализирани поради компликации од вирусот. Токму поради ова, од 2024 година во Велика Британија на бремените жени им се нуди вакцина која се употребува од 28-та недела на бременоста, со цел да се обезбеди заштита на бебето уште пред неговото раѓање“, соопшти ББС.

Ефикасноста на вакцината се базира на природниот механизам за пренос на антитела од мајката на плодот. По примањето на вакцината, имунолошкиот систем на бремената жена создава специфични антитела против РСВ, кои потоа преку плацентата се пренесуваат на бебето. На овој начин, новороденчето се раѓа со почетна заштита, токму во период кога неговиот имунолошки систем сè уште не е целосно развиен.

Пред да се пушти во употреба, спроведено е големо истражување кое опфатило речиси 300.000 бебиња родени во периодот од септември 2024 до март 2025 година во Англија, т.е околу 90 проценти од сите раѓања во тој временски интервал. Од нив, повеќе од 4.500 бебиња биле примени на болничко лекување. Резултатите од истражувањето покажуваат дека највисоко ниво на заштита (околу 85 проценти), се постигнува кога вакцината се прима најмалку четири недели пред породувањето, но дека и пократок временски интервал (од околу две недели), може да обезбеди значителна заштита.

Лекарите со загриженост нагласуваат дека речиси секое второ новороденче се среќава со овој вирус уште во првата година од животот. Иако кај поголемиот дел од децата симптомите се благи и личат на настинка, кај најранливите групи – предвремено родените бебиња и оние со ослабен имунолошки систем, инфекцијата може брзо да се влоши и да премине во бронхиолитис – воспаление на дишните патишта, како и воспаление на белите дробови.

Според д -р Конал Вотсон, раководител на националната програма за РСВ во Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија, мал број бебиња умираат од овој вирус секоја година. Кај оние со тешки инфекции може да се забележи како нивните гради и бели дробови се мачат додека се обидуваат да внесат доволно кислород.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030
Следна Статија Активиран алармот „Пронајди ме“ во Нови Сад: Полицијата трага по Дуња и Даниел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Д-р Трајковска: Еден донор на органи може да спаси и до осум животи

Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на…

May 9, 2026
ЗДРАВЈЕ

Ревизија откри низа системски слабости во работењето на ФЗО: Слаба евиденција за дадени аванси за лекување во странство, слаби контролни системи…

Фондот за здравствено осигурување на Македонија доби мислење со резерва од страна на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за точноста…

July 31, 2025
ЗДРАВЈЕ

Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти

Кога еден пациент е соочен со дијагнозата рак, тоа е поразително за него и за најблиските луѓе околу него. Она…

December 12, 2024
ЗДРАВЈЕ

Депресија, изместен биоритам– што ни носи промената на часовникот

Ноќва почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути…

October 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?