Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се разгледуваат три опции за нов клинички центар во Скопје, вели министерот Алиу
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Се разгледуваат три опции за нов клинички центар во Скопје, вели министерот Алиу
ЗДРАВЈЕ

Се разгледуваат три опции за нов клинички центар во Скопје, вели министерот Алиу

Објавено November 9, 2025 21:53
Сподели
Сподели

Владата и Министерството за здравство разгледуваат три можни опции за новиот клинички центар, кој е окарактеризиран како еден од клучните проекти во првата фаза од здравствената реформа, вели министерот за здравство Азер Алиу во интервју за Радио Слободна Европа. Опциите се реконструкција и модернизација на веќе постоечкиот клинички кампус, изградба на сосема нов клинички центар на нова локација или, пак, префрлање на целиот комплекс на просторот кај ГОБ „8 Септември“.

Тој вели дека проектот е во многу рана фаза на планирање и оти конечната одлука за локацијата ќе зависи од препораките на експертите кои ќе треба да ги проценат инфраструктурните можности, пристапноста, како и флексибилноста на системот што треба да ги поврзе административните, клиничките и академските функции на идниот центар.

„Знаете дека Клиничкиот центар е блиску поврзан со факултетот заради тој „рисрч“ ориентиран момент. Така што сме претпазливи кога ќе се креира новиот клинички центар да не трпи ниедна од овие три гранки“,рече Алиу.

Во однос на средствата од британскиот договор, Алиу вели оти со 205 милиони евра ќе се инвестира во изградба и реконструкција на објекти во повеќе градови низ државата. Во Кичево ќе се гради нова зграда поради застарената инфраструктура на постојната болница, во Тетово ќе се обнови целиот кампус, а во Штип ќе се подигне нов објект за медицинскиот факултет и ќе се модернизираат постојните здравствени капацитети.

Во втората фаза ќе следува анализа на другите регионални здравствени центри, со цел децентрализација и подобра распределба на здравствените услуги низ државата. Министерството за здравство веќе спроведува мапирање на инфраструктурата и човечките ресурси, со цел воспоставување регионални институции кои ќе можат ефикасно да ги покриваат потребите на населението во своите области.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: За 72 часа собрани 4,5 илјади тони отпад
Следна Статија Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата

Недостигот од медицински сестри во здравствените установи претставува голем проблем, како за болниците, така и за пациентите. Дефицитот од медицински…

May 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

„Сапорт Кочани“ со нова донација за повредените од Кочани

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ обезбеди 176 парчиња специјализирана компресивна облека наменети за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Вредноста на…

August 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нефролозите со порака: Нефрологијата е клучна во здравствената грижа на пациентите во нашата држава

“Гломеруларни болести: Глобална тивка епидемија и хронична бубрежна болест” е темата на која денес се одржа стручна едукативна секција на…

December 3, 2024
ЗДРАВЈЕ

МЗ: Констатирани се неправилности во работата на Стоматолошката комора

Во врска со денешната прес-конференција на Стоматолошката комора, Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека одлуката е донесена врз основа…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?