Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Иран повторно воведе ограничувања за премин на бродови низ Ормускиот Теснец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Иран повторно воведе ограничувања за премин на бродови низ Ормускиот Теснец
СВЕТ

Иран повторно воведе ограничувања за премин на бродови низ Ормускиот Теснец

Објавено April 18, 2026 12:49
Сподели
Сподели

Иран ја поништи својата одлука за повторно отворање на Ормуската Теснина, наведувајќи ја како причина континуираната блокада на неговите пристаништа од страна на САД, соопшти денеска Штабот на вооружените сили, објави агенцијата Фарс, пренесе ДПА.

„Контролата врз Ормуската Теснина се врати во претходната состојба и овој стратешки премин е под строго управување и контрола на вооружените сили“, изјави портпаролот на Хатам-ал Анбија, Централниот штаб на вооружените сили, која е обединета командна структура на иранската армија.

Портпаролот додаде дека Иран претходно „со добри намери“ се согласил да дозволи ограничен број танкери за нафта и комерцијални бродови да поминат низ мореузот, пренесе германската агенција.

„Но, за жал, Американците, со нивните повторени прекршувања на довербата што се дел од нивниот начин на работа, продолжуваат да се занимаваат со пиратство и поморски кражби што го нарекуваат блокада“, рече портпаролот, пренесен од Фарс.

По неколку недели речиси целосна блокада на клучниот бродски пат, раководството во Техеран вчера соопшти дека танкерите за нафта и комерцијалните бродови повторно би можеле да поминат низ Ормуската Теснина за време на прекинот на огнот.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поздрави потегот, но веднаш најави дека САД ќе ја задржат својата поморска блокада, која се однесува само на бродовите што доаѓаат до и од Иран, сè додека „нашата трансакција со Иран не биде 100 отсто завршена“, потсетува ДПА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава за две лица од битолската болница, противзаконски исплатиле скоро 500.000 денари за прекувремени часови
Следна Статија СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство Трипуновски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Еуфоријата започна: Новогодишната елка стигна во Њујорк, висока е над 22 метри, а за да се накити се потребни 8 километри сијалички

Новогодишната елка од Центарот Рокфелер пристигна во Њујорк, означувајќи го почетокот на празничната сезона во Големото јаболко. Норвешката смрека од…

November 10, 2024
СВЕТ

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили, лекови и чипови

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека планира да воведе царини за автомобили од околу 25 отсто и слични давачки…

February 19, 2025
СВЕТ

25 припадници на мексиканската гарда загинаа во борбите со кланот на Ен Менчо

Мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Арфуш денеска изјави дека 25 припадници на Националната гарда загинале во сојузната држава Халиско…

February 23, 2026
СВЕТ

Во несреќа за време на фестивал на огнот во Иран загинаa најмалку 21 лице, повредени над 6.000 луѓе

Најмалку 21 лице загина, а 6.419 се повредени за време на прославата на иранскиот огнен фестивал „Чахаршанбе Сури“. Фестивалските прослави…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?