Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Историски рекорд на Царината, за еден месец собрани над 12,6 милијарди денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Историски рекорд на Царината, за еден месец собрани над 12,6 милијарди денари
ЕКОНОМИЈА

Историски рекорд на Царината, за еден месец собрани над 12,6 милијарди денари

Објавено August 2, 2025 09:08
Сподели
Сподели

Во јули постигнавме историски успех. Остваривме највисока месечна наплата на приходи во историјата на Царинската управа – 12 милијарди и 641 милион денари или 205,54 милиони евра! По прв пат ја надминавме недостижната бројка од 12 милијарди денари. Тоа не е само бројка – тоа е пресвртница. Минатата година, во истиот месец – јули 2024 – наплатата изнесуваше 11 милијарди и 993 милиони денари, или само чекор до неа. Годинава ја надминавме, 5,4 проценти раст или 10,5 милиони евра повеќе од рекордната наплата што ја остваривме тогаш. Царинската управа постави нови, повисоки стандарди, јасни и високи цели и веќе покажува континуитет во работата”, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски на прес-конференција.

Николовски информира дека зголемената наплата се должи на зголемен обем и вредност на увозот на машини, дел од електрични машини и опрема, моторни возила, како и на зголемена количина на нафтени деривати пуштени во слободен промет. Воедно како дел од причините ја истакна зајакнатата контрола и координација со другите институции, партнерскиот однос со компаниите – учесници во царинските постапки, унапреденото управување со процедурите, но пред сè – вложениот труд на секој вработен во Царината и испорачување на тимски резултати.

Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што не бара изговори, туку решенија и резултати. Одржлив систем што ќе го разобличи криминалот и ќе ја издигне економијата на државата. Ние не си поставивме цел само да бидеме подобри од претходното раководство. Поставивме цел да бидеме подобри од себе си – секој ден, секој месец, секоја година. Патот беше тежок. Потребно беше да се изградат одново темелите – разнишани од несоодветни практики и недоверба. Но, со чесност, тимска работа, дисциплина и нов систем на вредности, покажавме дека е можно да се работи поинаку. Докажавме дека Царината може да биде симбол на ред, доверба и просперитет”, потенцира директорот Николовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп нареди две нуклеарни подморници да се преместат поблиску до Русија
Следна Статија Мицкоски со честитка за Илинден: Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Инженери: Трасата на брзата пруга да не поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“

Здружението „Инженери на Република Македонија“ објави дека доставило поднесок до Владата и до Министерството за транспорт, со молба да се…

June 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски очекува успешна година на економски план со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2025 година да биде поуспешна од 2024 година, со раст на БДП помеѓу 3,5 и 4…

January 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата озаконува паушални фактури за струја, граѓаните не смеат да бидат жртви, апелираат Инженери на Македонија

Граѓаните не смеат да бидат жртви на проценки и математички грешки што причинуваат штета од илјадници денари за нивниот семеен…

April 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам наскоро да почне изградбата на Соларниот и Ветерниот парк во Штипско

Очекувам кон крајот на јуни да се постави камен темелник за ветерниот парк кој ќе биде во рамките на три…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?