Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ

Објавено June 2, 2026 21:47
Сподели
Сподели

Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак.

Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат.  Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован единствено на исполнувањето на Копенхашките критериуми.

Калињак го сподели своето позитивно искуство во соработката со македонските државни институции, изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување во повеќе области, меѓу коишто и во одбраната.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од принципиелниот став на Словачка во врска со проширувањето на Унијата. Таа укажа на ирационалноста на барањата и условите од идентитетски карактер, проследени со вето.

Обајцата се согласија дека билатералните прашања не смеат да бидат предмет на преговорите за членство во ЕУ.

Во пресрет на претстојниот Самит на НАТО во Анкара, соговорниците се осврнаа на безбедносната состојба во Европа. За нив, јакнењето на партнерството во НАТО останува клучен фактор за зачувување на регионалната стабилност и европската безбедност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кошта: Иднината на Македонија е во ЕУ, но уставните измени остануваат клучен услов
Следна Статија Државата ќе дава 20 илјади евра за отворање бизнис и 3.000 денари плус на плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинителството бара распишување меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонците на мобилен месечно зборуваат по 226,57 минути

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во…

October 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски најави сериозна поддршка за РК Вардар

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави сериозна институционална поддршка за ракометниот клуб Вардар, која ќе стартува од јануари…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ обезбеди поддршка од ДУИ

Координаторката на пратеничката група на Европскиот фронт Рина Ајдари рече дека ќе гласаат за законот на седницата која се очекува…

January 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?