Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државата ќе дава 20 илјади евра за отворање бизнис и 3.000 денари плус на плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Државата ќе дава 20 илјади евра за отворање бизнис и 3.000 денари плус на плата
ЕКОНОМИЈА

Државата ќе дава 20 илјади евра за отворање бизнис и 3.000 денари плус на плата

Објавено June 2, 2026 21:48
Сподели
Сподели

Државата ќе дава 615 милиони денари за млади кои сакаат да започнат сопствен бизнис, 1,25 милиони денари за повратници од странство, 3.000 денари додаток на плати на млади кои работат во производство. Ова се само дел од мерките и програмите кои се содржани во Оперативниот план за вработување за 2026 година, со кој се предвидени речиси 40 милиони евра за поддршка на самовработување, отворање нови работни места, обуки, намалување на невработеноста…, а се опфатени над 10 илјади граѓани.

Како што изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши со Оперативниот план за вработување за 2026 година се планира отварање на нови работни места, поддршка на домашната економија и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

-Главен фокус на Планот се младите, жени, долгорочно невработените и лицата со попреченост. За лицата кои сакаат да започнат сопствен бизнис и да останат во државата предвидени се 616 милиони денари, 1,25 милиони денари за граѓаните кои заминале во странство и кои сакаат да се вратат, 1,25 милиони денари за компании кои отвараат нови работни места. На овој начин се помагаат и се дава директна поддршка на малите и средни претпријатија, изјави Дурмиши.

Тој додаде дека исто така се даваат средства за практиканство, односно за квалификации и преквалификации согласно потребите на пазарот на трудот. Целта е да се создаде квалификувана работна сила која ќе одговори на современите потреби.

-Исто така се предвидува и додаток на плата по 3.000 денари на млади до 23 години кој работат во производствените дејности. Ова се конкретни мерки и политики кои ќе создадат реални можности за вработување, појасни Дурмиши.

И директорот на Агенција за вработување, Аднан Ејуп со Оперативниот план за вработување ќе им помогнеме на младите да најдат квалитетни работни места.

-Ова не е само документ туку конкретен чекор за зголемување на вработеноста. Мерките се прилагодени на нашето општество и на потребите на економијата и се резултат на долгогодишни анализи и консултации на сите засегнати страни. Наша обврска е да ја намалиме невработеноста и да создадеме поволни услови за раст на економијата. Сакаме нашите граѓани да бидат вработени во државата и да придонесат за нејзиниот економски развој, а не да се ислеуваат, изјави директорот на Агенцијата, Ејуп.

Тој потенцираше дека мерките кои ќе се реализираат во 2026 години преку 30-те центри на Агенцијата се поделени во две групи: активни мерки и програми кои водат до директно вработување и активни мерки и програми кои ја зголемуваат вработеноста кај невработените лица.

-Најбарани програми се оние за поддршка на самовработување. Финансиската поддршка ќе се дава на 2043 лица, од кои на 833 лица до 29 години поддршка за самовработување од 10 илјади евра, а на 660 илјади лица кои ќе бидат вклучени во поддршката за самовработување – 7 илјади евра. Ако се здружат два корисници во еден правен субјект може да добијат до 1,25 милиони денари, додаде Ејуп.

Со Планот се предвидува директно да бидат 1.385 лица да бидат дирекно вработени со поддршка од 1,25 милиони денари. Преку посебен фонд е предвидено вработување на 150 лица со попреченост. Дел од Оперативниот план за вработување се и обуките на лицата за поуспешна имплементација на пазарот на трудот. Тука се обуки за стручни квалификации на 224 лица и обуки за практиканство на 1.150 лица.

Првите јвни огласи се очекува да бидат објавени во најскоро време, а останатите ќе бидат објавувани етапно.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ
Следна Статија Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Градежништвото и потрошувачката и натаму генератори на растот

Бруто-домашниот производ порасна за 3,1 отсто во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период минатата година, соопшти…

June 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Стана ли Скопје заситен од станови: Статистика објави дека во август била планирана изградба само на 30

Во август 2025 година се издадени 280 одобренија за градење, што е за 1,8% повеќе во однос на истиот месец…

October 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува за половина денар

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за…

September 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот поевтинува за 6.5 денари!

Од полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата, со кои дизелот ќе поевтини за 6,5 денари по литар, додека…

June 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?