Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ

Објавено June 2, 2026 21:47
Сподели
Сподели

Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак.

Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат.  Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован единствено на исполнувањето на Копенхашките критериуми.

Калињак го сподели своето позитивно искуство во соработката со македонските државни институции, изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување во повеќе области, меѓу коишто и во одбраната.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од принципиелниот став на Словачка во врска со проширувањето на Унијата. Таа укажа на ирационалноста на барањата и условите од идентитетски карактер, проследени со вето.

Обајцата се согласија дека билатералните прашања не смеат да бидат предмет на преговорите за членство во ЕУ.

Во пресрет на претстојниот Самит на НАТО во Анкара, соговорниците се осврнаа на безбедносната состојба во Европа. За нив, јакнењето на партнерството во НАТО останува клучен фактор за зачувување на регионалната стабилност и европската безбедност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кошта: Иднината на Македонија е во ЕУ, но уставните измени остануваат клучен услов
Следна Статија Државата ќе дава 20 илјади евра за отворање бизнис и 3.000 денари плус на плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На 19 ноември почнува судењето за пожарот во Кочани

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200,…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Измените и дополнувањата на Законите за сообраќај и за странци го поминаа комисискиот филтер

Измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за странци го поминаа првото читање во…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Работи радарот на скопскиот Аеродром, според Мицкоски, лага е дека е вон функција

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека радарските системи за контрола на летање функционираат нормално и дека во јавноста се пласираат неточни…

December 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Носи 3,4 тони вода: Со чешкиот „Блек Хок“ од 70 милиони долари се гаснат пожарите во Македонија

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка веќе е на терен во гаснењето на пожарите во Македонија. Станува збор за едно од најмодерните…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?