Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крушево во престижната група на Топ 100 зелени дестинации во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Крушево во престижната група на Топ 100 зелени дестинации во светот
МАКЕДОНИЈА

Крушево во престижната група на Топ 100 зелени дестинации во светот

Објавено September 30, 2025 18:05
Сподели
Сподели

На свечената церемонија во Монпелје – Франција, Крушево се стекна со престижното глобално признание Топ 100 Зелени дестинации 2025, влегувајќи во група на светски дестинации кои се препознаени по развојот на одржливиот туризам како главен двигател на локалниот економски развој.

Ваквото признание е резултат на долгогодишнниот, заеднички и посветен пристап на сите чинители – општината, локалните бизниси, здруженија, институции и граѓани, кои работат на развој на туризмот како двигател на локалната економија. Исто така, претставува моќна алатка за меѓународна промоција и маркетинг, стекната во конкуренција со дестинации од 33 земји ширум светот.

Крушево веќе подолго време се позиционира како водечки хаб за авантуристички туризам, со посебен акцент на параглајдерството, каде што природните услови, надморската височина и термалните струи го прават ова место едно од најдобрите во светот. Изминативе неколку години со изградбата на велосипедските патеки по меѓународни страндарди станува и дестинација во подем за планински велосипедизам. Градот редовно е домаќин на меѓународни натпревари и тренинг кампови, привлекувајќи професионалци и ентузијасти од сите континенти, што дополнително ја зацврстува неговата репутација како одржлива и активна туристичка дестинација.

Зелена дестинација 2025 е доказ дека кога заедницата делува обединето, резултатите се глобално препознаени. Крушево како дестинација покажаа дека одржливиот туризам не е само цел, туку и патека кон економски раст, зачувување на природата и подобрен квалитет на живот. Дополнително, во моментов десетина локални бизниси поминуваат низ процес на исполнување на принципите, воведување на зелени практики и здобивање со сертификатот Good Travel Seal – меѓународно признат знак за квалитет и одржливост во туризмот, наменет за мали и средни туристички бизниси, дестинации и услуги кои се стремат кон одговорно работење.

На конференцијата во Монпелје во фокус беа глобалните трендови во туризмот, каде сè поголем акцент се става на зголемена одржливост, автентичност, локално искуство, климатска отпорност, зелени сертификати и усогласеност со новите еколошки регулативи на ЕУ.

Оваа иницијатива е резултат на континуираната поддршка на Швајцарија во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 17-годишник од Скопје сакaл да си го убие татка си
Следна Статија Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дел од минатите раководства на МЕПСО барале мито од инвеститори, во моментот тоа се истражува

Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите и тоа во моментот се истражува. Премиерот Христијан Мицкоски…

May 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Знаеме како боли празното столче“: Потресно писмо од семејствата на загинатите во Кочани до Швајцарија

Веста за страотниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, кој однесе најмалку 47 животи, ги отвори старите рани во Кочани. Роднините…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Пет активни пожари, најтешки за гаснење во „Јасен“ и Јажинце

Екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) го гаснат пожарот во…

August 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна на аеродромот во Будимпешта. Мицкоски на Фејсбук напиша дека повторното воспоставување на линија…

March 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?