Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции

Објавено September 30, 2025 18:55
Сподели
Сподели

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Тој нагласи дека објавените пораки од ИРЛ се само мал дел од доказите што веќе се доставени до одбраната и судот, и дека постапката не е завршена. Според него, Обвинителството располага со уште десетина инкриминирачки дејствија.

„Имав состанок со обвинителите и овие податоци што беа изнесени од страна на Истражувачката репортерска лабораторија не се ништо нови. Сите овие пораки се испратени до одбраната, сите овие пораки се испратени до судот. Сите овие пораки ги имаше и Министерството за внатрешни работи, меѓутоа тоа се многу малку пораки во однос на она што Обвинителството располага во моментов. Има таму можеби уште десет инкриминирачки дејствија, што значи дека постапката воопшто не е ниту затворена не само во однос на УЈП, туку и на евентуално други институции и тука она што беше кажано сметам дека беше избрзано, имајќи предвид дека истражувачите не побараа информации од Обвинителството“, изјави Коцевски.

Во врска со предметот на ОЈО ГОКК против 13 полициски службеници, Коцевски рече дека по него постапува еден обвинител поради недостиг на кадар, но дека сите рокови се запазени. За изјавите на премиерот Мицкоски, додаде дека не сака да коментира политички оценки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крушево во престижната група на Топ 100 зелени дестинации во светот
Следна Статија Николоски: На Скопје му треба силна трансформација, градскиот воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Училиштата кои нeмаат доволно учебници, да ги побараат во ПДФ-формат на веб страната на Педагошката служба

За училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пријателите се простуваат од Душко Чифлиганец: „Патувај со ангелите златно дете“

Тага, шок и неверување! Имаше само 32 години и светла иднина пред себе, а замина засекогаш во вечноста! Македонската јавност…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Прво 20 евра, потоа влез: Што нè чека на границите?

Нови правила доаѓаат на границите при влегување во земјите од Европската Унија оваа година, а од 2026 година патувањето ќе…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?