Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: На Скопје му треба силна трансформација, градскиот воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: На Скопје му треба силна трансформација, градскиот воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура
МАКЕДОНИЈА

Николоски: На Скопје му треба силна трансформација, градскиот воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура

Објавено September 30, 2025 18:08
Сподели
Сподели

Овие четири години за Скопје се изгубени, сега на градот му треба силна трансформација и ние како Влада и Министерство за транспорт ќе дадеме силна поддршка во реализација на капиталните проекти за Скопје, градскиот воз, новите еколошки автобуси и инфраструктура, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

,На Скопје му треба силна трансформација, новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во Минстерството за транспорт. Сакам да најавам за градскиот воз, тоа е нешто што го ветивме и ќе го реализираме. Во однос на првата делница, избран е изведувач и потпишан е договор за делницата од Зелениково, преку Драчево, помеѓу населбите Кисела Вода и Аеродром и завршува на новата железничка станица. Деновиве тој изведувач ќе биде воведен во работа и очекувам првата линија напролет да е функционална. Следната година во рамки на финансиските можности ќе продолжиме со избор на изведувач за другите две линии и на тој начин да го заокружиме прстенот и да имаме функционален воз кој што ќе се надоврзува на автобусите на ЈСП и на тој начин да имаме евтин превоз, да имаме точен и брз превоз и секако да се растерети гужвата – истакна Николоски.

Најави дека после изборите повторно ќе се распише тендерот за 120 еколошки автобуси.

Веднаш по завршување на изборите, откако ќе завршат овие законски ограничувања ќе ја продолжиме оваа постапка. Набавуваме 120 автобуси, 80 за Град Скопје и 40 за другите општини. ЈСП треба да има целосна промена на флотата, сега има 250 автобуси и сите тие треба да бидат променети во годините пред нас и тука градот ќе има огромна подршка – додаде потпретседателот Николоски.

Николоски и кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска извшија увид во реконструкција на улици во општина Кисела Вода. Тие најавија пробивање на улицата Есенинова на потегот од месноста Чешма до Шампионче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции
Следна Статија Сали: „АС Сењак“, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се бара поголема универзитетска автономија, професори со критики за предлог-законот за високо образование

Професори на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје со  забелешки на предлог-законот за високо образование, за кој Министерството за…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Митева: Кочани беше тешка лекција и аларм за државата која предолго беше во длабок сон

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше Марија Митева член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски отфрли можност за предвремени парламентарни избори

Премиерот Христијан Мицкоски одби можност за предвремени избори. Рече дека следната година пред државата има големи предизвици. -Дали ќе има…

November 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов со предупредување пред Нова година: Ниедна прослава не вреди живот

Во пресрет на новогодишните и предновогодишните прослави, кога угостителските објекти се полни, а се организираат и бројни јавни забави, Дирекцијата…

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?