Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповикување на градоначалник, смета Перински
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповикување на градоначалник, смета Перински
МАКЕДОНИЈА

Треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповикување на градоначалник, смета Перински

Објавено December 4, 2024 17:59
Сподели
Сподели

Законот за локална самоуправа е поставен на здрава основа, станува збор за системски закон којшто произлегува од еден исклучително тежок процес за Република Македонија, а тоа е Охридскиот рамковен договор и ова е законско решение кое што е постаро од две декади и нормално е да има потреба од подобрување, модернизирање на законското решение.

Главната иницијација за отворање на овој системски и двотретински закон е од изразеното незадоволство на граѓаните од одредени сегашни градоначалници. Откако ќе го добијат мандатот, не можат да бидат отповикани по ниту еден основ, освен судот ако оцени дека направиле кривично дело или не дај Боже најлошото. Сметаме дека ние треба таа можност да им ја дадеме на граѓаните, и тоа постоело како законско решение во Законот за локална самоуправа од 1995 година. Тоа не е битно, тоа е препорака на Венецијанската комисија во извештајот од 2019 година – вели министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Тој во синоќешното гостување во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа посочи треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповик на градоначалник, но да се внимава тој механизам да не се злоупотребува.

Процесот го отпочнавме со УНДП, во него се вклучени 4 домашни експерти и еден интернационален експерт којшто очекуваме да се вклучи во периодот кој што ќе следи. Целата процедура ќе се прави на максимално транспарентен и отворен начин.Планирано е со дополнувањето на Законот да биде овозможено и функционирање на комунална полиција, со цел да се елиминираат девијантни однесувања на групи граѓани, а во законска рамка планирано е да се вметне и дел со кој ќе се овозможи поголемо учество на граѓаните во креирање на локалните буџети – нагласи Перински.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Изминатите месеци како Влада покажавме дека може да се функционира поинаку- транспарентноста и отчетноста се наш приоритет
Следна Статија Расчистено убиството пред угостителски објект во Струмица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со заменичката генерална секретарка на Обединетите Нации, Амина Џ. Мохамед и се обрати пред постојаните…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека трае кривична постапка на Мустафа Хајрулахи

Обвинителката од Вишото јавно обвинителство Наташа Крстевска Цалева ќе ја презема функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Граѓаните ќе можат да ги следат можните злоупотреби на службени возила

Ќе ги повикаме на одговорност, бидејќи ние одговараме само пред народот. Така, ако сме посегнале да менуваме закони и да…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Повлечено обвинението против Цветан Панделески во „Империја“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во декември 2025 година го повлекло обвинението против бизнисменот Цветан Панделески во предметот…

February 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?