Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Конечно да не се резилиме: Се заштитува „Македониумот“ во Крушево од протекување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Конечно да не се резилиме: Се заштитува „Македониумот“ во Крушево од протекување
ЗАБАВА

Конечно да не се резилиме: Се заштитува „Македониумот“ во Крушево од протекување

Објавено July 21, 2026 18:06
Сподели
Сподели

Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов.

Оваа мерка е поради протекување во Споменикот од прва категорија кој во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност.

Со цел да се заштитат галериите со витражи кои имаат големи оштетувања, како и стаклените галерии, на лице место се монтира челичната конструкција која веќе е изработена. А е изработена од кутиести профили со различни димензии. Ќе биде поиставена на вкупно 8-те галерии со стакло и на галериите со витраж од надворешната страна на првото и на второто ниво од Споменикот. Над конструкцијата се поставува лексан со дебелина од 16 милиметри. Со ова ќе постигнеме да не протекува повеќе вода во споменикот, изјави Сузана Грибовска, советник конзерватор, архитект во Заводот и музеј -Прилеп.

Инвестицијата која треба да заврши пред 2 Август, чини 5,5, милиона денари. Годинава ќе почнат истражувањата и се изготвува основен проект за целосна конзервација на Македониумот изграден 1974 година.

Превентивата предвидува заштита на четирите витражни и на четирите галерии со стакло. Таа е за да запре протекувањето на водата во Македониумот кое е најголемата опасност. Утре ќе биде поставена платформата и самите конструкции ќе се постават на Македониумот. Оваа превентивна заштита завршува до крајот на јули, а во тек е изготвување на основен проект за конзервација и реставрација на Македониумот кој целосно го опфаќа, вклучувајќи ги статиката, градежните работи, витражните стакла коиќе се заменат за нови и внатрешната метална конструкција, објаснува Мимоза Христоска, директорка на Заводот и музеј- Прилеп.

Пред празникот се чисти околу споменикот, а гостите не заминуваат од Крушево без да го посетат Македониумот.

Годинава за првпат механизирано чистиме околу споменикот во пресрет на големиот празник 2 Август- Илинден. Гости и посетители постојано доаѓаат и сите ги покануваме и за Празникот да дојдат во Крушево, вели Миха Оџаклиески, директор на Историски музеј- Крушево.

Споменикот Илинден, како комплекс, е дело на архитектите Искра и Јордан Грабул.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Златко Перински именуван за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување
Следна Статија (ВИДЕО) Меси не се појави на дочекот од навивачите во Буенос Аирес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

И се заглави штиклата во подот на „ангелот“ на „Викторија сикрет“ (ВИДЕО)

Манекенката Дауцен Крос имаше непријатност на пистата за време на нејзината ревија на Викторија Сикрет. Иако на сцената влезе самоуверено…

October 18, 2024
ЗАБАВА

Што говореше Џорџ Бест: „Потрошив многу пари на жени, алкохол и автомобили, oстатокот го потрошив залудно“

Џорџ Бест е роден на 22 мај 1946 година и беше крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Северна…

May 23, 2025
ЗАБАВА

K-15 Zoran Pogresno Parkiran

Има ли скеч каде што овие легенди нема да не насмеат до солзи?

February 12, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Ричард Гир покажа среден прст во емисија во живо

Ричард Гир се појави во емисијата Today во средата за да ја промовира својата нова ТВ серија The Agency. Водителката…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?