Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски нов претседавач на Балканскиот форум на уставни судови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски нов претседавач на Балканскиот форум на уставни судови
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски нов претседавач на Балканскиот форум на уставни судови

Објавено November 15, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Уставниот суд на Македонија од денеска, во наредната година ќе претседава со Балканскиот форум на уставни судови (BCCF) и ќе биде домаќин на 4. Форум кој ќе се одржи во земјава, на 12 и 13 ноември 2026 година. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и официјално го презеде претседателството на 3. Годишен состанок на Балканскиот форум, кој се одржа во Анталија, Република Турција.

Костадиновски, како што соопштија од Уставниот суд, ќе го претставува Форумот на регионални и меѓународни собири и конференции во текот на следната година.

– На специјалната сесија посветена на клучните прашања поврзани со статусот на Балканскиот форум на уставни судови, претседателот Костадиновски ги информираше останатите судови-членки дека на 4. Форум кој ќе се одржи следната година во Република Северна Македонија како почесен гостин ќе присуствува претседателот на австрискиот Уставен суд, Кристоф Грабенвартен, а поканети ќе бидат специјални гости од Венецијанската комисија, Европскиот суд за човекови права, претставници од судовите од Египет, Шпанија, Азербејџан – се наведува во соопштението.

Од Уставниот суд информираат дека на оваа одлука претходело усвојување на Статутот и на Анталиската Декларација на Форумот со која членовите се обврзаа на заложбите со кои ќе се обезбедат принципите на владеењето на правото, демократијата и промоција и почитување на човековите права во балканските земји.

– Со овие два значајни документа судовите-членови на Балканскиот форум на уставни судови го потврдија постоењето на BCCF како постојано тело и независна судска платформа за значајни уставни јурисдикции помеѓу земјите на Балканскиот регион, како и потребата од усвојување на посебен Статут со кој е дефинирана организационата структура на Форумот – се посочува во соопштението.

Сесијата посветена на BCCF се одржа во рамки на 3. Годишна конференција на којашто се обрати претседателот на Уставниот суд, Костадиновски. Во неговото обраќање се осврна на „Стандардизација на човековите права и улогата на уставната правда”.

Балканскиот форум на уставни судови беше формиран во октомври 2023 година на иницијатива на Уставниот суд на Република Македонија и Уставниот суд на Република Бугарија. На првиот Годишен состанок претседателите на уставните судови на Република Македонија, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора и Туркије потпишаа Меморандум за разбирање и основање на Форумот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски: Скандалот се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на приведениот Стоилев
Следна Статија (ВИДЕО) Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бигорски манастир: Да не биде изгубено единството на нашата Света МПЦ-ОА

Да не биде изгубено од вид она што е над сè: единството на нашата Света МПЦ-ОА, порача денеска во своето…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Досега евакуирани 380 македонски државјани од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи  информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот…

March 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Груби реши да се предаде бидејќи знае дека власта во скоро време нема да се промени, а ниту една земја не сака да даде азил на лице од црната листа на САД

Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во централниот Дневник на телевизија Алсат, се осврна на темата за…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Владата го задолжи Министерството за правда да предложи разрешување на Љупчо Коцевски

Како Влада сакаме да ја информираме јавноста дека на денешната седница, беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?