Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костовски: Селективност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Костовски: Селективност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани
ПОЛИТИКА

Костовски: Селективност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

Објавено March 24, 2025 14:20
Сподели
Сподели

„Пред точно една недела Македонија ја погоди најтешката трагедија во поновата историја. Изгубивме 59 млади животи. Во тие најтешки моменти како партија одлучивме да молчиме и да не политизираме. Решивме да не додаваме сол на раната на семејствата на починатите. Тоа беше одговорно и човечки. Оставивме седум дена органите на правосудството да покажат дека спроведуваат независна, темелна и, пред сè, неселективна истрага за овој стравотен настан. Од првиот ден СДСМ бара сите одговорни, поранешни и сегашни функционери, службеници и политичари, да одговараат во согласност со законот. СДСМ дава поддршка на независна, темелна и неселективна истрага и ги поддржуваме институциите во тоа. Ова гласно го бараат и граѓаните“, вели Мартин Костовски од СДСМ.

„Но денес, седум дена подоцна, должни сме да ги поставиме вистинските прашања што се наметнуваат за кои, за жал, нема одговор од надлежните институции. СДСМ и понатаму нема да политизира и да печали поени од овој настан. Но, СДСМ е должен како опозиција да ги постави сите прашања на кои и Обвинителството и МВР не даваат одговор. Од денес натаму ќе поставуваме многубројни прашања и ќе изнесуваме низа информации исклучиво засновани на факти и закони. Од досегашниот правец на истрагата и информациите што се соопштени во јавноста СДСМ стравува дека оваа истрага ќе биде селективна. Министерот Тошковски извести дека првата фаза од истрагата е завршена и се сомничат 32 лица, па затоа денес тој и обвинителот Коцевски мора да одговорат на следните легитимни прашања што се наметнуваат“, посочува Костовски и додава:

„Дали е точно дека ниеден од командирите, инспекторите, и раководството на БЈБ и МВР во ОВР Кочани и СВР Штип, кои мора да знаеле што се случува, не се во притвор? Дали и против кој од нив се води истрага? И ако не се води, како е возможно да не се истражуваат лица што вечерта биле на одговорни позиции, со должност и овластување да реагираат, но не го сториле тоа? Дали е точно дека сите седум вработени во МВР, кои се моментно во притвор, не биле на функции во денот на пожарот во дискотеката? Законот за јавните собири јасно упатува на тоа за кои јавни собири е одговорна полицијата. Според информациите, на овој настан имало 650 луѓе. Во согласност со законот, полицијата била должна да има оперативни сознанија за настанот и соодветно да го обезбеди овој настан, дури и во случај ако тој не е пријавен од организаторот. МВР во Кочани тоа не го направило. Ако МВР постапело во согласност со законот, ќе имало обезбедено противпожарна бригада, брза помош, соодветен број полициски службеници и сите придружни безбедносни мерки за ваков тип настани, со што несреќата можела дури и да се превенира. Од снимките вечерта се гледа дека полицијата била присутна во објектот. Ова значи дека знаеле за настанот, но не го обезбедиле соодветно.
Со ова се поставува прашањето дали сите надлежни од МВР таа вечер сториле кривично дело со несторување, односно непостапување? Дали се изземени од одговорност службеници, началници и командири, кои вечерта биле на должност? Доколку истрагата во продолжение не ги опфати и нив, СДСМ со својот правен тим ќе поднесе соодветни кривични пријави“, истакнува Костовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Следна Статија Пукање во Прилеп, ранета службеничка на Центарот за социјални работи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски со предлог решение за сообраќајниот хаос во Скопје: Клучката Момин Поток мора да се заврши

Клучката Момин Поток мора да се заврши, нејзината доизградба ќе го деблокира сообраќајниот хаосво целиот северозападен дел на градот, рече…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Заеднички именител за Филипче и Ахмети е криминалот, сега во опозиција се здружени и против граѓаните и нивната безбедност

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција истакна дека ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети…

January 26, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Кој во власта дозволил да се одгледува нелегално марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони?

СДСМ и денес бара одговор на прашањето како пет тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара. „Сите…

February 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?