Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА: Кичево – Охрид ќе се гради уште една година, потпишан нов анекс за уште186 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА: Кичево – Охрид ќе се гради уште една година, потпишан нов анекс за уште186 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА: Кичево – Охрид ќе се гради уште една година, потпишан нов анекс за уште186 милиони евра

Објавено March 12, 2026 19:16
Сподели
Сподели

Потпишан е Анекс број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, со кој се обезбедуваат дополнителни средства и нов рок за завршување на проектот.

Како што соопшти Јавното претпријатие за државни патишта, анексот го потпишаа заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и директорот на претпријатието Коце Трајановски и генералниот претставник на компанијата „Синохидро“ во Македонија, Чен Чен.

Со анексот се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а новиот рок за завршување на автопатот е 31 мај 2027 година.

Дополнителните средства се наменети за непредвидени и нови градежни работи неопходни за целосно завршување на проектот, меѓу кои санација на 14 свлечишта, обезбедување глобална стабилност на трасата, поставување еластична одбојна ограда според европскиот стандард EN 1317, изградба на контролен центар, како и изградба на дополнителни паралелни патишта.

Од Јавното претпријатие посочуваат дека со овој анекс се надминуваат проектните предизвици поврзани со косините и свлечиштата и се создаваат услови за поинтензивно продолжување на градежните активности.

Во изминатиот период дел од трасата веќе беше пуштен во сообраќај. Во текот на 2025 година беа отворени три делници на потегот Врбјани – Ботун и Климештани – Охрид, со вкупна должина од 27,96 километри, а беа изградени и дел од пристапните патишта до околните населени места.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Очекувам позитивни работи во блиска иднина за инфраструктурата, транспортот и многу нови работни места во Македонија!
Следна Статија На граничен премин Блаце спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски со добри вести за оризопроизводителите: 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа за извоз и субвенции од 18.000 денари од хектар за тековната 2024

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека е решен откупот на ориз. -Решен откупот на ориз! По интензивните средби кои ги имавме…

December 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Во Буџетот првпат по подолго време се предвидени средства за раст на платите

Во Буџетот можеби прв пат по подолго време се предвидени средства за раст на платите за повеќе од десет отсто,…

December 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен

Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват…

May 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зголемување на платите во образованието подразбира повисоки плати за сите вработени, наставници, професори и технички персонал

„Зголемувањето на личниот доход подразбира за сите, вклучително и за техничкиот персонал и сите оние кои што не се наставници…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?