Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трендафилов: Во Буџетот првпат по подолго време се предвидени средства за раст на платите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трендафилов: Во Буџетот првпат по подолго време се предвидени средства за раст на платите
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Во Буџетот првпат по подолго време се предвидени средства за раст на платите

Објавено December 6, 2024 13:21
Сподели
Сподели

Во Буџетот можеби прв пат по подолго време се предвидени средства за раст на платите за повеќе од десет отсто, рече денеска претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов пред седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС).

Како што изјави Трендафилов, согласно буџетските проекции кои ССМ можел да ги види, Владата предвидува средства согласно колективните договори и законите за зголемување на платите.

Нарушениот животен стандард со постојаниот раст на синдикалната минимална кошничка која од почетокот на годината до денеска се зголеми за повеќе од 4 800 денари, треба да биде доволен мотив за покачување на минималната плата, оцени Трендафилов.

Тој очекува на седницата да бидат прифатени барања на ССМ од останатите социјални партнери.

– Буџетот беше доставен пред синдикатите за разгледување и денеска ќе ги добиеме веројатно точните информации од премиерот и од Министерството за финансии. Од тоа што можевме да го видиме од верзијата што ни беше достапна, во Буџетот можеби прв пат по подолго време се предвидени средства за раст на платите за повеќе од десет отсто. Но, ќе чекаме официјално да ни биде пренесено денеска на седницата на ЕСС. Средствата за раст на платите се некаде 13,8 или 13,9 проценти во Буџетот во сооднос со претходната година. Тоа ни дава до знаење дека Владата предвидува средства согласно колективните договори и законите за зголемување на платите. Мислиме дека ако се зголемат платите во јавниот сектор, Владата нема да има апсолутно никакви оптоварувања со евентуалниот раст на минималната плата, имајќи предвид дека сите вработени во јавниот сектор ќе бидат над износот на минималната плата, истакна Трендафилов.

Сите чинители во државата, напомена, се согласни дека е потребен раст на платите.

– Минималната плата не само 450 евра, туку и повеќе, е барање на работниците изнесено преку ССМ. Се надеваме дека нашите аргументи, особено поради нарушениот животен стандард со постојаниот раст на синдикалната минимална кошничка која од почетокот на годината до денеска е порасната за повеќе од 4 800 денари, треба да бидат доволен мотив за покачување на минималната плата. Ветер во грб на работниците дава и растот на платите во регионот. Минималната плата во Црна Гора е порасната меѓу 600 и 800 евра, во Бих ќе бидат 600 евра од почетокот на наредната година, во Србија ќе бидат 454 евра. Сметаме дека не треба да дозволиме со висината на платите повторно да бидеме некаде на крајот на опашката на Балканот за да не ни се иселуваат оние работници кои останаа во Македонија, рече претседателот на ССМ.

Тој потсети дека од првата седница на ЕСС до денеска се одржувале редовни состаноци со претставниците на Владата и работодавачите за барањата од 1 мај – зголемувањето на платите и растот на минималната плата. На денешната седница на ЕСС, потенцира, тоа ќе бидат дел од темите.

– Тогаш побаравме минималната плата да биде 450 евра и зголемување на платите во јавниот сектор од март 2025 година, односно методологијата утврдена во Општиот колективен договор ќе биде тема на дискусија. Ќе имаме можност да го погледнеме и Буџетот. Ќе ги изложиме нашите аргументи кои сметаме дека се на страна на работниците и дека ќе бидат прифатени од останатите социјални партнери, дополни Трендафилов.

Во Владата денеска се одржува втората седница на Економско социјалниот совет на која се очекува да се разговара за зголемувањето на минималната плата. По седницата, која треба да почне напладне, најавена е прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски.

Првата седница на ЕСС се одржа на 10 октомври кога министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачите на Македонија Владанка Трајкоска, како претставници на социјалните партнери, ја потпишаа Спогодбата за конституирање на новиот состав на ЕСС. Според Спогодбата, министерот за економија и труд е претседател на ЕСС, а останати членови именувани од Владата се министерот за социјална работа, демографија и млади, министерката за финансии и министерката за образование и наука.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарите се жалат зошто владата не им прави автопат, кога македонската страна прави сè за делот од Македонија
Следна Статија (ФОТО) Јамал си фати прва женска на Тик-ток

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нова инвестиција: Мицкоски на поставување на камен темелник на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски, денеска ќе присуствуваат…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

ЗАВРШИЈА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ВЛАДАТА И СОНК: Наставниците ќе добијат покачување од 5% од овој месец

Наставниците од основно и средно образование од овој месец, односно месечната плата за октомври ќе ја добијат за 5% повисока.…

October 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трамп избира кариерен службеник да раководи со агенцијата за статистика чиј претходен шеф го отпушти

Агенцијата е без постојан лидер од август кога Трамп го отпушти претходниот комесар Ерика МекЕнтарфер поради послаб извештај за вработувањето.

February 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Прв пад на цената на кафето во Бразил по 18 месеци

Потрошувачките цени на кафето во Бразил беа пониски во јули за 1,01 % во споредба со претходниот месец, што е…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?