Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се раѓа нов светски поредок: За што разговараа денеска лидерите на БРИКС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се раѓа нов светски поредок: За што разговараа денеска лидерите на БРИКС
ЕКОНОМИЈА

Се раѓа нов светски поредок: За што разговараа денеска лидерите на БРИКС

Објавено September 8, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Денешниот самит на групата БРИКС беше посветен на актуелната геоекономска ситуација, објави Кремљ по виртуелниот состанок.

Бразил свика видеоконференција за да разговара за трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

„На самитот, лидерите на БРИКС разговараа за соработка во трговијата, економијата и другите сфери, земајќи ја предвид актуелната состојба во глобалната економија“, се вели во соопштението од Москва.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва побара помош од другите членови на групата во врска со американските царини.

„Воведувањето екстратериторијални мерки ги загрозува нашите институции, секундарните санкции ја ограничуваат нашата слобода да ја зајакнеме трговијата меѓу пријателските земји“, рече Лула на состанокот, според руските медиуми.

Како што објави прес-службата на претседателот на Бразил по самитот, лидерите на БРИКС постигнаа консензус за потребата од премин кон пофер меѓународен поредок и разговараа за постапката за спротивставување на едностраните мерки во областа на трговијата.

БРИКС, исто така, ја потврди својата посветеност на одржувањето и зајакнувањето на мултилатерализмот и реформирањето на меѓународните институции, според Бразилија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика БРИКС да ги искористи своите силни страни и да ја продлабочи деловната соработка, додавајќи дека групата треба да ја одржува отвореноста и да го заштити меѓународниот економски и трговски поредок.

„Некои земји постојано водат трговски и царински војни, што сериозно влијае на глобалната економија и ги поткопува правилата на меѓународната трговија“, рече Си.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се залагаше БРИКС да создаде „заеднички механизам за поддршка на членовите на организацијата во услови на нелегални еднострани санкции“, за да можат да продолжат со економскиот развој без оглед на „неправедниот политички притисок“.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси се пожали дека Советот за безбедност на ООН повеќе не функционира правилно, додека јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса најави премин од униполарен во мултиполарен свет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kурти најави дека Косово ќе прави дронови
Следна Статија Педро Санчес: Ќе им забраниме влез на сите што учествуваат во геноцид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Од бројки до одлуки“: ИСОС ја зајакнува финансиската едукација за МСП со фокус на сметководствената практика

Финансиско планирање и контрола, управување со финансии, анализа и толкување на извештаи, донесување инвестициски одлуки, стратегии за финансирање, управување со…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитров: Платата не е работа на желби, туку на економски критериуми

Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми кај кои нема зголемување за износ на кој ќе се…

January 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?