Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Kурти најави дека Косово ќе прави дронови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Kурти најави дека Косово ќе прави дронови
БАЛКАН

Kурти најави дека Косово ќе прави дронови

Објавено September 8, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Премиерот на Косово во технички мандат Албин Курти изјави дека во наредните четири години ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра за косовските безбедносни сили (КБС).

Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за аспектот на безбедноста, при што најави и развој на беспилотни летала „Made in Kosovo“.

Тој рече и дека ќе се создаде заедничка воена единица со Оружените сили на Република Албанија.

– За нашата армија во четирите години од наредниот мандат ќе издвоиме буџет од над една милијарда евра. Ќе ја продлабочиме и прошириме билатералната и мултилатералната меѓународна соработка со земјите-членки на НАТО. Ќе ја ставиме во функција Фабриката за муниција и ќе ја развиеме воената индустрија на Косово. Исто така, ќе развиеме беспилотни летала ‘Made in Kosovo’, изјави Курти.

Тој дополни дека зајакнувањето на армијата ќе се реализира преку набавка на оружје, обука и едукација во земјата, како и во соработка со Албанија и во најпрестижните воени академии во партнерските земји.

– Ќе ја создадеме Заедничката воена единица со Оружените сили на Република Албанија. Регрутирањето на нови кадети ќе продолжи со зголемен интензитет. Целиме да имаме 1000 жени и девојки војници во новиот мандат. Програмата за сеопфатна одбрана ќе се спроведе низ целата земја. Во рамките на оваа програма, секој доброволен резервен војник ќе добие соодветна обука и оружје во случај на мобилизација, изјави Курти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џорџо Армани ќе биде погребан во кругот на семејството, во семејната капела во Ривалта
Следна Статија Се раѓа нов светски поредок: За што разговараа денеска лидерите на БРИКС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер е регистриран во близина на Крит

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа бил регистрирана близу грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на…

May 14, 2025
БАЛКАН

Партијата на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија, но ќе му требаат коалициски партнери за формирање на Влада

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми во последните две…

October 28, 2024
БАЛКАН

Бугарија оди на нови избори

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска официјално потврди дека земјата оди на нови предвремени парламентарни избори, откако и третиот обид за…

January 16, 2026
БАЛКАН

Студентите во Србија вежбаат симулација на газење со автомобил во толпа

Дека протестите во Србијаа вооошто не се спонтани докажува снимката од Крагуевац во која се гледа како студентите во приуство…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?