Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава добија малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров, кривично ќе одговараат и нивните родители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава добија малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров, кривично ќе одговараат и нивните родители
ХРОНИКА

Кривична пријава добија малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров, кривично ќе одговараат и нивните родители

Објавено May 5, 2026 08:51
Сподели
Сподели

Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје на 29 април 2026 година поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против четири малолетнички од Скопје – една на возраст од 17 години и три на возраст од 14 години – поради основано сомнение дека сториле две кривични дела „насилство“, казниви согласно член 386 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, во два одделни инциденти што се случиле на 27 и 30 март 2026 година, пријавените физички нападнале 13-годишно девојче. Дополнително, видео записи и фотографии од настаните биле објавени на социјална мрежа, со што случајот предизвика јавен интерес.

Кривичната пријава е доставена до ОЈО Скопје, каде што се постапува согласно Законот за правда за децата. Од СВР Скопје најавуваат дека утре ќе биде поднесена кривична пријава и против родителите на инволвираните малолетнички.

Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вака денеска изгледа Баница, селото каде што е убиен Гоце Делчев (ФОТО)
Следна Статија Што се случувало неколку моменти пред Гоце Делчев да биде убиен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трагедија во Струга, бебе старо 2 месеци донесено починато во болница

Бебе старо два месеци без знаци на живот утрово било однесено на Детското одделение во струшката болница, потврди за МИА…

May 28, 2025
ХРОНИКА

Апелација им одреди ефективен притвор на ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав. За него вчера беше пријавено дека исчезнал, а апелот масовно…

June 14, 2025
ХРОНИКА

Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден. Скопјанка пријавила…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?