Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување
ХРОНИКА

Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување

Објавено April 1, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Wolt официјално стартува во Македонија, трансформирајќи ги услугите за испорака во Скопје
Следна Статија Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 1,75% и во второто тримесечје од 2026 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

И машко дете го пријавило штипскиот наставник-педофил

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип во понеделникот…

May 13, 2026
ХРОНИКА

Еве на каква финта од МВР „падна“ млада измамничка од Скопје

Полициски службеници од СВР Тетово, во координација со СВР Скопје и Единицата за економски криминал при МВР, на 7 јануари…

January 8, 2026
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Нема компромис со криминалот- Мицкоски и Тошковски покажаа дел од запленетата марихуана

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со дел од раководните структури во МВР, денеска,…

February 10, 2026
ХРОНИКА

Кумановци осомничени дека со дронови ја снимале полицијата

Денеска (12.09.2025), со судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на Д.Х.(47) и Д.Г.(51), двајцата од…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?