Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
ХРОНИКА

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

Објавено June 8, 2026 16:29
Сподели
Сподели

Ослободителна пресуда за З.Ј. со чие возило беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на Булеварот Партизански одреди, а за која веќе е осуден неговиот син.

Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предметот со К, објави 4news.mk бр. 655/25 против З.Ј. за кривичното дело Загрозување на безбедноста на сообраќајот по чл. 298 ст.2 вв ст.1 од КЗ, по внимателна анализа на обвинението, изведените докази и релевантните законски одредби, оцени дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не ги содржат законските обележја на кривичното дела па заради тоа донесе ослободителна пресуда.

Имено, согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола. Законодавецот ваквото однесување изречно го регулирал и санкционирал како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а судот не може преку проширено толкување на кривичниот закон да создава нови облици на кривична одговорност кои законодавецот не ги предвидел.

Повторувањето на едно прекршочно однесување, само по себе, не го претвора во кривично дело. Бројот на прекршоците не може да создаде нов правен квалитет на дејствие доколку не се исполнети законските обележја на конкретното кривично дело.

Во конкретниот случај, непосреден извор на опасност и непосреден причинител на настанатата последица е полнолетниот возач како самостоен учесник во сообраќајот. Кривичното право почива врз начелото на лична и индивидуална одговорност, поради што последиците од самостојното постапување на едно полнолетно лице не можат автоматски да му се припишат на друго лице само поради роднинска врска или поради сопственост на возилото.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба пред второстепениот суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oд полноќ поевтин бензин, поскап дизел
Следна Статија Туристи плаќале и до 20 евра за влез на „Куклите“, тврди жител на Кратово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пешак тешко повреден во Скопје, возачот бил 16 годишен малолетник

На 14.01.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген…

January 15, 2026
ХРОНИКА

Уапсени малолетници кои со автоматска пушка пукале во куќа во Тетово

На 29.05.2025 во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, на влез во с.Гајре, полициски службеници од СВР Тетово…

May 30, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава за „силување дете кое не наполнило 15 години“, одреден му е притвор

На 04.04.2025 ОВР Македонски Брод при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Б.С.(64) од Македонски…

April 4, 2025
ХРОНИКА

Палевски планирал од Турција да оди во Минск, па во Москва, открило ЈО во пораките од телефонот

Иако неговиот возач претходно сведочеше дека Палевски му кажал дека имал закажано операција во Истанбул, според обвинителството тој сепак имал…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?