Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стефан Богоев доби 30-дневен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Стефан Богоев доби 30-дневен притвор
ХРОНИКА

Стефан Богоев доби 30-дневен притвор

Објавено June 4, 2026 11:31
Сподели
Сподели

Кривичниот суд определи 30-дневен притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев и уште три оосмничени лица, на барање на Обвинителството.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје,  постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, а кои попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на бранител, донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерки притвор против С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т. 1 и т.2 од ЗКП.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Богоев попладнето беше спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје, каде беше изведен пред судија на претходна постапка, по барањето од Обвинителството за определување мерка притвор за него и уште три лица поради постоење на основано сомнение за злоупотреба на постапката за јавна набавка, за примање и давање поткуп.

Обвинителство соопшти дека постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да стекне противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари.

Управата за финансиска полиција, претходно до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Стефан Богоев во својство на службено лице – поранешен директор на Царинската управа, С. М. поранешен помошник-директор во Царинската управа, Д. Г., овластено лице во правно лице, А. С., вработено лице во правно лице, и против едно правно лице поради постоење основи за злоупотреба на јавна набавка, за примање и давање поткуп. Јавното обвинителство соопшти дека се обезбедени докази и оти за сите четири лица ќе се бара притвор.

Јавното обвинителство, претходно денеска информираше дека постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донел наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – поранешен директор и поранешен помошник-директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект.

– На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда за противзаконито влијание. Постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да стекне противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари – соопштија од ЈОРСМ.

Според обезбедените докази, првоосомничениот, користејќи ја својата службена положба и влијание како директор на Царинската управа, влијаел врз спроведувањето на тендерската постапка во корист на избраниот понудувач, а второосомничениот, во својство на помошник-директор, влијаел врз други економски оператори да не учествуваат во завршната фаза од постапката.

– Во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание, при што првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба и реално влијание. Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени – посочија од Обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За 500 евра продале бебе на брачен пар што сакал да посвои
Следна Статија Ревизорите открија неправилности и во Академијата за судии и јавни обвинители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонски државјанки се обиделе да шверцуваат 16 луксузни чанти од Париз

Две пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе…

January 29, 2025
ХРОНИКА

Уапсениот во Грција е Ацо Боцевски викан „Циганот“: Беше во бегство од 1998-ма година

Грчката полиција го уапси Ацо Боцевски викан Циганот, по 27 годишно бегство. Осуден е на 15 години затвор за убиство…

May 26, 2025
ХРОНИКА

Возач удрил во возила, контејнери и семафор во Скопје

Полицијата денеска информира за случај од петокот во кој 52-годишен државјанин на Косово со привремен престој во Арачиново со возило…

December 28, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција за идентификување жртви или потенцијални жртви на трговија со луѓе/деца,…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?