Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ревизорите открија неправилности и во Академијата за судии и јавни обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ревизорите открија неправилности и во Академијата за судии и јавни обвинители
МАКЕДОНИЈА

Ревизорите открија неправилности и во Академијата за судии и јавни обвинители

Објавено June 4, 2026 12:09
Сподели
Сподели

Државниот ревизор утврдил неправилности во исплаќање на плати на ментори во Академијата за судии и јавни обвинители, односно биле исплаќани и три месеци по завршување на ангажманот. Се исплаќале и дополнителни работни часови, што не е утврдено со Закон, а се делеле картички за гориво на „слепо“.

Со извршената ревизија, изразивме мислење без резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година за сметката на основен буџет (603) и мислење со резерва за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Не е извршена ревизија, ниту е издаден извештај за годините кои претходат на годината што е предмет на ревизија на Академија за судии и јавни обвинители, на сметката на основен буџет (603).

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај Академија за судии и јавни обвинители, сметка на основен буџет (603) за 2024 година, констатирани се следниве состојби:

– исплатите на надоместоци на членовите на Управниот одбор и на Програмскиот совет се вршат месечно и во целост, а не пропорционално од присуство на седница за месеци кога е одржана седница;

– законски утврдениот рок за завршување на втората фаза од почетната обука за 8 – мата генерација на слушатели за судии и јавни обвинители, е надминат за 3 месеци, што довело до исплата на дополнителни финансиски средства за ментори и координатори;

– дел од договорите со менторите за изведување на практична настава се склучени по изминување на периодот на менторство;

– исплатени се средства за координатори чиј статус, права и обврски не се утврдени со Законот за Академија за судии и јавни обвинители;

– на членови на комисии за оценување на практична настава исплатени им се надоместоци, иако правото и исплатата на надоместоци за оценување на практична настава не е утврдена во Законот за Академија за судии и јавни обвинители;

– надминување на законски утврдениот максимум за прекувремена работа и не е извршено претходно писмено известување до подрачниот инспектор на труд за воведување во прекувремено ангажирање на вработените;

– исплатени се средства за прекувремена работа на вработено лице во денови за кои му се исплатени и дневници за службен пат во странство и за присуство на седница која се одржала во текот на полното работно време;

– не е воспоставена евиденција односно задолжување на лица од која ќе може да се утврди на кого и за која цел се издаваат картички за гориво;

– во тендерска документација утврден е критериум кој не е директно поврзан со предметот на набавка а треба да го исполни економскиот оператор

– набавени се стоки и услуги без спроведена постапка за јавна набавка.

Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со цел преземање на мерки и активности од одговорните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Во делот на Нагласување на прашања истакнуваме за спроведените активности на прием на кандидати за слушатели во почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители за 9 – та генерација и начинот на усвојување на листа на ментори.

Во однос на внатрешните контроли известуваме за отсуство на клучните контроли во донесените интерни процедури кои во текот на ревизијата се надминати.

Од страна на претходното одговорно лице на Академијата за судии и јавни обвинители доставени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор. Забелешките се разгледани и утврдено е дека истите претставуваат известувања за причините кои довеле до утврдените состојби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стефан Богоев доби 30-дневен притвор
Следна Статија Шкендија исклучена од Купот на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за добиената арбитража за „Казандол“: Нема да има отворање на рудникот, прашање е како порано се губеле арбитражите!

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски по отворањето на нова хала на компанијата „Амфенол“ во Општина Кочани одговараше на новинарски прашања.…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Среќен роденден кралу“ – транспарент за Груби кај Мавровка, додека чека одлука за обвинение во куќен притвор

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби својот 49. роденден го дочека во куќен притвор, додека сè уште нема одлука дали против…

June 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот

Блокот на криминал и минатото и оној на иднината и просперитетот на Македонија се двата блока, кои ќе се спротистават…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски преку пост на својт фејсбук профил им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите…

March 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?