Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шкендија исклучена од Купот на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Шкендија исклучена од Купот на Македонија
СПОРТ

Шкендија исклучена од Купот на Македонија

Објавено June 4, 2026 11:33
Сподели
Сподели

Од Фудбалската федерација на Македонија  ги споделија одлуките на Дисциплинската комисија, со кои покрај паричните казни за Силекс и Шкендија, донесена е и одлука фудбалскиот клуб од Тетово да е исклучен од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27.

Ова се одлуките:

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Силекс се казнува со парична казна во висина од 5.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија. Дополнително, ФК Шкендија се казнува со 10.000 евра поради националистички скандирања и слогани со навредлива содржина на национална основа, како и со 20.000 евра поради истакнување транспарент со нацистичка содржина, за што веќе беа казнети од УЕФА.

Клубот ФК Шкендија е казнет со 30.000 евра и исклучување од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27 поради одбивање да ги прими медалите на свечената церемонија, како и поради деградирачки и непочитувачки однос кон официјалните лица и противничката екипа.

Покрај тоа, на ФК Шкендија му е изречена казна од 30.000 евра и забрана за присуство на публика на следните четири домашни натпревари поради непочитување на националната химна, односно исвиркување и дискриминаторски однос за време на финалниот натпревар од Купот на Македонија.

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради навредливо скандирање од страна на навивачите и несоодветна прослава на титулата од страна на фудбалерите.

Воедно, Дисциплинската комисија поведе постапка против ФК Вардар поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33. коло помеѓу Вардар и Шкендија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ревизорите открија неправилности и во Академијата за судии и јавни обвинители
Следна Статија Решенија за тротинетите во најбрз можен рок, најави Тошковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Американските медиуми го распнаа Јокиќ откако изјави дека овој Божик не е негов

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени на Божиќната ноќ од Феникс Санс на гостински терен со резултат 110:100. На Нагетс…

December 26, 2024
СПОРТ

Гатузо си го оствари сонот

Џенаро Гатузо денеска официјално беше претставен на должноста селектор на италијанската фудбалска репрезентација, откако неговиот претходник Лучијано Спалети беше отпуштен.…

June 19, 2025
СПОРТ

(Видео) Гол на Нејмар директно од корнер

Нејмар повратникот во Сантос, го обележа натпреварот против Интер де Лимеира, со гол и две асистенции. Поранешниот играч на Барселона…

February 24, 2025
СПОРТ

Трагедија: Португалскиот фудбалер Диого Жота од Ливерпул загина во сообраќајка

Актуелниот фудбалер на Ливерпул Диого Жота на 28-годишна возраст денес загина во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во областа Замора,…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?