Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Валенсија го продолжи договорот со Димитриевски до 2028-ма година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Валенсија го продолжи договорот со Димитриевски до 2028-ма година
СПОРТ

Валенсија го продолжи договорот со Димитриевски до 2028-ма година

Објавено June 4, 2026 20:53
Сподели
Сподели

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски ќе остане во редовите на Валенсија до јуни 2028 година, откако шпанскиот прволигаш објави попладнево дека ја искористил опцијата за продолжување на соработката за уште две сезони.

Димитриевски дојде во Валенсија во 2024 година и откако подолг период беше резервен голман, на средина од изминатата сезона се избори за место во почетниот состав, одигрувајќи 33 натпревари во Ла Лига и шпанскиот Куп.

„Неговото искуство и цврстина меѓу стативите придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и подобрените резултати во втората половина од минатата сезона, одржувајќи пет натпревари без примен гол, што резултираше со пет победи (Хетафе, Леванте, Осасуна, Севиља и Атлетик Клуб)“. Се наведува во клупското соопштение.

Триесетидвегодишниот македонски голман ја почна кариерата во скопски Работнички по што се пресели во Шпанија настапувајќи за Гранада, Кадиз, Гимнастик и Рајо Ваљекано.

„Отсекогаш велев дека сакам да играм за голем клуб кога пристигнав во Шпанија, а Валенсија е еден од најголемите. Многу сум среќен и воодушевен што продолжувам“, изјави Димитриевски за клупскиот сајт. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загинаа четворица по пад на мал авион кај Пула во Хрватска
Следна Статија Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот

Мексиканецот Гиљермо Очоа (40) во последен момент одлучи да ја одбие понудата на шпанскиот второлигаш Бургос. На последниот ден од…

September 3, 2025
СПОРТ

Шок во Барселона: Јамал се повреди, ќе биде ли спремен за СП?

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на тетивата, објави денеска шпанскиот…

April 23, 2026
СПОРТ

Пелистер (конечно) победи во Лигата на шампионите, Митревски блескаше на голот

Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа во Лигата на шампионите. Сметајќи ја и минатата сезона на Пелистер му требаа 20…

November 1, 2024
СПОРТ

Алжирката (Алжирецот) боксер ќе тужи, ќе докажува дека е женско

 Олимписката шампионка во бокс Иманe Келиф изјави дека планира да ја тужи Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) поради наводите на организацијата…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?