Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина
СВЕТ

Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина

Објавено December 10, 2025 17:16
Сподели
Сподели

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешната седница на Советот на Федерацијата зборуваше за контактите со САД за мировното решение на судирот во Украина и ја обвини Европската Унија дека се обидува да го спречи процесот.

Лавров потврди дека Москва и Вашингтон постигнале договор за продолжување на работата за завршување на украинскиот конфликт.

– Главната работа е да постои принципиелно разбирање дека одржливо решение не е можно без искоренување на основните причини за кризата – наведе Лавров.

Тој изјави дека предлозите што ги донесе во Москва специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, зборуваат за потребата од обезбедување права на националните малцинства и верските слободи во Украина.

– Русија ги цени напорите на Доналд Трамп за решавање на конфликтот преку политички и дипломатски средства – посочи Лавров.

Тој упати критики и кон политиката на Европска Унија, тврдејќи дека Брисел е „заведен од илузии“ дека Русија може да биде поразена.

– Откако го инвестираа целиот политички капитал во војната со Русија со рацете и телата на украинските граѓани, тие се залажуваат себеси во безнадежно политичка слепило со илузијата дека ќе ја победат нашата земја на еден или друг начин. Како што нагласи претседателот, ние немаме намера да се бориме со Европа, немаме такви мисли – истакна Лавров.

Но, тој предупреди дека Москва ќе одговори на какви било „непријателски чекори“, вклучително и евентуално распоредување на европски воени контингенти во Украина и запленување на руски имот.

Изјавите на Лавров, доаѓаат во време на интензивна дипломатска активност. Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин се сретна во Кремљ со специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Тие разговараа речиси пет часа за американската мировна иницијатива, но сè уште не е постигнато компромисно решение. Путин подоцна изјави дека Вашингтон го поделил планот од 27 точки на четири пакети и дека Москва не се согласува со некои од нив.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсени 12 лица за трговија со оружје и дрога
Следна Статија Спасовски ги отфрла наводите за пријавата: Класичен обид за политички прогон и дефокус!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски најави размена на 1200 воени заробеници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата ја потврди претходно најавената размена на воени заробеници со Русија, во која треба да…

August 3, 2025
СВЕТ

Украина: Соборивме моќен руски Су-34

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу…

September 25, 2025
СВЕТ

Околу 75.000 американски федерални вработени ја прифатиле понудата за отпремнина

Околу 75.000 американски федерални вработени го прифатија пакетот за отпремнина предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот…

February 13, 2025
СВЕТ

И Гејтс не знаел за злосторствата на Епстин

Косоновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс на денешното сведочење за неговата поврзаност со покојниот сексуален предатор Џефри Епстин изјави дека никогаш…

June 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?