Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсени 12 лица за трговија со оружје и дрога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсени 12 лица за трговија со оружје и дрога
ХРОНИКА

Уапсени 12 лица за трговија со оружје и дрога

Објавено December 10, 2025 17:14
Сподели
Сподели

По повеќемесечна предистражна постапка, рано утрово под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, полициски екипи од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал извршија координирана акција на повеќе локации во селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Ченто и Чаир.

Во операцијата беа уапсени 12 лица осомничени за „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Едно лице дополнително се товари и за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.

По поднесената кривична пријава, јавниот обвинител отвори истражна постапка против сите 12 осомничени. Според обвинителството, групата делувала од април до декември 2025 година и била организирана со јасна структура и распределени улоги, со цел незаконска трговија со оружје – кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку три години.

Првоосомничениот, како што се наведува, од засега непознати лица од Косово нелегално набавувал огнено оружје и муниција, кои потоа ги пренесувал во Македонија. Нелегалниот арсенал бил складиран на локации во Сингелиќ и Брест. Тој давал инструкции за пронаоѓање купувачи и за посредување во продажбата, а останатите членови на групата биле задолжени за набавка на муниција, логистика и координација на испораките. Еден од приведените се сомничи и за продажба на кокаин.

Обвинителството соопшти дека се исполнети законските услови за определување притвор и најави дека до судијата на претходна постапка ќе поднесе предлог сите осомничени да бидат задржани во притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mицкоски: Очекувам редовни парламенарни избори во 2028 година, но сме подготвени и за предвремени
Следна Статија Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ова е судијката која го ослободила од притвор Васил кој ја усмрти Фросина

Васил Јанев кој завчера ја усмрти младата Фросина Кулакова возејќи со 130 километри на час на булеварот партизански одреди, лани…

January 31, 2025
ХРОНИКА

Пациент без државјанство живее во болницата во Бардовци – должи 3.000 евра, а нема каде да оди, семејството одбива да го земе

3.000 евра изнесуваат вкупните трошоци за шестмесечното лекување за 56-годишен пациент во болницата во Бардовци, кој, иако е роден во…

October 13, 2025
ХРОНИКА

Приведена 73-годишна неготинка, осомничена за предизвикување пожар

Полициски службеници ја лишиле од слобода 73-годишната неготинка В.А. синоќа во 18:40 часот. Таа се сомничи дека во сопствената куќа…

November 5, 2025
ХРОНИКА

ЦУК: Пожарот во Желино е ставен под контрола

Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?