Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Латвија го стави Горан Бреговиќ на црната листа поради поддршка на руската агресија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Латвија го стави Горан Бреговиќ на црната листа поради поддршка на руската агресија
ЗАБАВА

Латвија го стави Горан Бреговиќ на црната листа поради поддршка на руската агресија

Објавено May 1, 2025 17:04
Сподели
Сподели

Босанскиот музичар Горан Бреговиќ и руско-литванската пејачка Кристина Орбакаите се прогласени за непожелни лица во Латвија. Веста ја потврди министерот за внатрешни работи на земјата, Рихардс Козловскис, во телевизиско интервју за латвиската национална телевизија. Според изјавата на министерот, одлуката е донесена по препорака на Службата за државна безбедност (ВДД).

Причината е нивната поддршка на руската агресија врз Украина и учеството на јавни настани одржани на окупираните украински територии.

„Клучната причина е поддршката на агресијата против Украина и учеството во јавни настани на окупираните територии. Латвија ја поддржува Украина и ќе продолжи да го прави тоа. Таквите активности се неприфатливи за нас“, изјави Козловскис.

Согласно податоците на ВДД, Бреговиќ имал неколку настапи на Крим по неговата анексија од Русија во 2014 година, а во повеќе наврати јавно ја изразувал својата поддршка за Русија, при тоа ширејќи дискредитирачки пораки против западните земји. Исто така, службата информира дека Орбакаите настапувала на Крим и била дел од различни настани со пропаганден карактер, организирани од руските власти.

„Според проценката на ВДД, делувањето на лица кои ја поддржуваат руската агресија не е во интерес на националната безбедност на Латвија, бидејќи може да предизвика меѓуетнички тензии во нашето општество“, соопшти ВДД.

Бреговиќ и Орбакаите требаше да настапат во Латвија ова лето, а билетите за нивните концерти веќе беа пуштени во продажба. Се очекува настаните да бидат откажани.

ВДД и Министерството за внатрешни работи ги повикаа организаторите на културни и јавни настани да бидат внимателни при поканување на уметници кои настапуваат во Русија или на териториите кои се под руска окупација во Украина, бидејќи тоа се смета за индиректна поддршка на руската агресија и можни воени злосторства. Според латвискиот информативен портал lsm.lv, минатата година на црната листа на Латвија биле додадени 480 странски државјани по препорака на безбедносните служби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто витаминот Д е клучен за здравјето на срцето?
Следна Статија 31 година без Аиртон Сена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Под мразот на Антарктикот пронајден древен „изгубен свет“

Длабоко, на повеќе од 1,6 километри под дебелата ледена покривка на Источен Антарктик, научниците открија исклучително добро зачуван древен пејзаж…

June 11, 2026
ЗАБАВА

Денеска се слави Свети Василиј Острошки

Денеска православните христијани го слават денот во чест на Свети Василиј Острошки! За овој светец има многу верувања, но едно…

May 12, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Цариник отвори куфер на жена пред ќерката – па „пропаднаа во земја“ од срам

Тина Ледет од Луизијана патувала во Европа со својот партнер Рајан и ќерката Брајана, не сфаќајќи дека ќе доживее „незаборавен…

April 10, 2025
ЗАБАВА

Здравко Чолиќ по подолго време има хит (ВИДЕО)

Здравко Чолиќ по подолго време има хит. Песната се вика „Не давај да остарам сам“ и е вистинска балада за…

March 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?