Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 31 година без Аиртон Сена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > 31 година без Аиртон Сена
СПОРТ

31 година без Аиртон Сена

Објавено May 1, 2025 17:12
Сподели
Сподели

На денешен ден пред 31 година на трката за Големата награда на Сан Марино во Формула 1, животот го загуби легендарниот Аиртон Сена.

Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, ако не и најдобар, почина на 34. годишна возраст откако ја изгуби контролата над својот болид и со брзина од 305 км/ч удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола.

Легендарниот Бразилец победи на 41 трка во кариерата, освои три шампионски титули и остана запаметен како крал на квалификациите и најдобар возач на дожд на сите времиња.

На погребот на Сена присуствуваа повеќе од милион луѓе, а многу повеќе излегоа на улиците да му оддадат почит на Бразилецот.

„Господ долго време ја држеше рака над Формула 1. Овој викенд ја тргна“, коментираше легендарниот Ники Лауда во моментот на смртта на Сена.

За време на квалификациите за истата трка, само еден ден претходно, почина младиот австриски возач Роланд Расцрбергер, што беше прва смрт во Ф1 по речиси 12 години.

Сена не ја прифати добро смртта на Австриецот, на која потсети лекарскиот делегат Сид Воткинс, кој му рекол на Бразилецот да не се натпреварува на Имола.

„Аиртон полуде. Пред тоа немаше видено смрт на патеките. Во претходните 12 години имаше многу инциденти, многу повреди, но никој не загина“, рекол Воткинс, откривајќи што му рекол Сена кога го молел да не се трка и да замината на риболов“.

„Има одредени работи кои не можеме да ги контролираме. Не смеам да се откажам, морам да продолжам“.

Сена ја започна трката во пол-позицијата, а трката започна со безбедносно возило откако Педро Лами удри во болидот на Џеј Џеј Лехто.

Веќе во вториот круг по рестартот на трката, Сена со својот Вилијамс во кривината Тамбурело удри во бетонскиот ѕид.

Бразилецот беше пренесен во болница, а трката продолжи 37 минути по судирот и победи Михаел Шумахер.

Два и пол часа подоцна беше објавено дека Сена починал.

Тоа беше само трета трка на Сена во Вилијамс откако го напушти Мекларен, и многу се пишуваше за тоа неделно попладне, но само едно е сигурно.

Смртта на Сена целосно ја промени Формула 1: беа воведени многу поригорозни безбедносни проверки и се промени историјата на овој спорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Латвија го стави Горан Бреговиќ на црната листа поради поддршка на руската агресија
Следна Статија Тошковски: Истрагата која ќе заврши за брзо ќе покаже дека пожарот во Кочани е последица на корумпиран систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонија вечерва против Белгија за прво место во групата

Репрезентацијата на Белгија е вечерашниот ривал на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Дуелот се игра во Гент, а воедно е натпревар…

October 10, 2025
СПОРТ

Македонија има шанси за четвртфинале на СП – еве што треба да се случи

Машката ракометната репрезентација на Македонија игра фантастичен мундијал, избраниците на Кире Лазаров со брзиот и модерен ракомет, зачинет со голема…

January 24, 2025
СПОРТ

Шок: Mитро- гол има проблеми со срцето

Александар Митровиќ е хоспитализиран поради забрзано чукање на срцето поради преоптоварување.30-годишниот напаѓач на Ал Хилал, кој заработува 500.000 евра неделно,…

March 10, 2025
СПОРТ

Ноле казнет дека пцуел и ја повторил псовката

– Седумкратниот освојувач на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, е казнет парично со 5.600 фунти за недолично однесување за време…

July 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?