Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Омерагиќ најави санкции за Кожуф и Башкими
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Омерагиќ најави санкции за Кожуф и Башкими
СПОРТ

Омерагиќ најави санкции за Кожуф и Башкими

Објавено May 7, 2025 20:39
Сподели
Сподели

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ вели дека продолжуваат со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.

-По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот (главен судија, тројца помошници, контролор на судии, делегат на натпревар, комесар за безбедност од ФФМ) се веќе добиени. Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот. Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени, вели Омерагиќ.

Тој додава и дека двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.

-ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија. Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност. Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи. Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделение при Министерството за внатрешни работи (МВР), додава првиот човек на ФФМ.

Омерагиќ потенцира и дека за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.

-Уверуваме дека постапката ќе ја истераме до крај. Ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, дециден е Омерагиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Турскиот кошаркар се венчаше во Охрид со “рамо рамо друже мој“
Следна Статија Николоски: Влеговме во силен инвестициски циклус во инфраструктурата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Не можевме против судиите и силната Холандија

Македонската репрезентација е поразена во вториот меч на Светското првенство. Пораз од Холандија од 32-37 кој можеби и не го…

January 17, 2025
СПОРТ

Потпишан најголемиот договор во историјата на спортот

Хуан Сото и Њујорк Метс го потпишаа најголемиот договор во историјата на спортот. Хуан Сото договорил 15-годишен договор вреден 765…

December 9, 2024
СПОРТ

Со Американец и Колумбиец ќе бркаме пласман на СП

Новиот стратег Гоце Седлоски за првпат го објави составот за баражот против Данска на 26 март. Список на повикани фудбалери…

March 16, 2026
СПОРТ

Почна 21. издание на Виз Ер скопски маратон, има рекордни над 14.000 тркачи

Со рекорден број учесници утрово стартуваше 21. издание на традиционалниот Виз Ер скопски маратон на кој се пријавени повеќе од…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?