Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Влеговме во силен инвестициски циклус во инфраструктурата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Влеговме во силен инвестициски циклус во инфраструктурата
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Влеговме во силен инвестициски циклус во инфраструктурата

Објавено May 7, 2025 20:54
Сподели
Сподели

Работиме на еден голем инвестициски циклус во делот на автопатиштата, на експресни и регионални патишта, железничката инфраструктура, болници, во секторот образование и други сектори кои ги развиваме. Се работи за тековни и нови проекти и проекти кои што треба да донесат нови вработувања, потенцираше вицепремиерот Николоски во интервјуто за ТВ Сител.

-Во моментов градиме паралелно четири автопати со амбиција да отвориме и петти. Го градиме Тетово-Гостивар, го градиме Гостивар -Букојчани, го градиме Гостивар-Кичево, Кичево-Охрид кој е во напредна фаза, го градиме Прилеп – Битола и дополнително на ова имаме активен тендер за Кичево-Букојчани. Се градат експресни патишта, втората фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, делницата од Дреново до Фариш, таа е пред завршување ќе ја пуштиме за сообраќај. Тука е делницата од Богданци до Гевгелија, имаме и други регионални патишта, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека за период до два месеци ќе излезе со детални информации за нови проекти. Исто така потенцираше дека за реализација на овие проекти, дел се обезбедени средства од буџетот, дел ќе се обезбедат во вид на заеми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Омерагиќ најави санкции за Кожуф и Башкими
Следна Статија Тектонски промени кои ќе траат до октомври за овие четири хороскопски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Со златни резерви од 6,9 тони, Македонија 78. во светот

Македонија се наоѓа на 78. место во светот според девизните резерви во злато од 6,89 тони, покажува најновиот извештај на…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Томовски: Комплексот „Македонско село“ функционира успешно

Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека институциите…

May 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески смета дека банкарските услуги треба да се бесплатни

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, смета дека основните банкарски услуги во Македонија треба да бидат бесплатни, по примерот на…

June 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски се сретна со унгарскиот министер за национална економија: Регионалните проекти во инфраструктурата и транспортот се заеднички приоритет за двете држави

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на посетата на Унгарија, денеска оствари средба со министерот за национална…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?