Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лекарите тврдат дека некои витамини немаат смисла да се купуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Лекарите тврдат дека некои витамини немаат смисла да се купуваат
ЗДРАВЈЕ

Лекарите тврдат дека некои витамини немаат смисла да се купуваат

Објавено October 20, 2024 12:00
Сподели
Сподели

Честопати се зборува за предностите на витаминските суплементи како важен чувари на здравјето. Меѓутоа истражувањата покажуваат дека витамините во облик на додатоци на исхраната не се секогаш ефикасни во превенцијата на болестите, како што се срцевите заболувања или проблемите со или проблеми со циркулаторниот систем и може да направат повеќе штета отколку корист доколку се консумираат неконтролирано.

Многу лекари го споредуваа купувањето на таквите додатоци на исхраната со фрлање на пари, тврдејќи дека вишокот витамини едноставно се исфрла од телото преку урината.

Витамините се есенцијални за правилно функционирање на организмот, но додатоците на исхраната не се секогаш најдобро решение за внес на витамини. На пример, витаминот Е, кој е клучен за здравјето на имунолошкиот систем, најдобро е да се внесува по пат на природни извори како што се семките од сончоглед, јаткасти плодови и брокула. Истражувањата покажаа дека синтетичката форма на витамин Е може да ги изгуби своите корисни својства кога се консумира во големи количини и може да има несакани ефекти.

Вишокот витамин А може да биде токсичен

Витаминот А, важен за здравјето на видот и коските, претставува уште еден пример на витамин кој може да биде штетен доколку се консумира во прекумерни дози. Човековото телото има тенденција за складирање на витаминот А, поради што прекумерниот внес може да доведе до проблеми со црниот дроб, а дури може да влијае негативно и врз развојот на фетусот кај бремените жени. Се препорачува витаминот А да се внесува преку намирници како што се морковот и темнозелениот лиснат зеленчук, каде се наоѓа во облик на бета – каротен којшто телото полесно го регулира.

Научните анализи откриваат дека внесот на витамини во форма на додатоци на исхраната може да има негативни ефекти, бидејќи повеќето суплементи немаат контролирано дејство, а честопати телото не може да ги искористи на вистинскиот начин. Тие понекогаш дури можат и да ја попречат апсорпцијата на останатите важни, хранливи материи или да предизвикаат интеракција со лековите, пишува „Индекс.хр“.

И покрај тоа што витамините се неопходни за здравјето, најдобро е да се внесуваат преку урамнотежена исхрана која ќе вклучува овошје, зеленчук, здрави масти и житарки со целовити зрна. Пред да почнете да консумирате додатоци на исхраната се препорачува консултација со лекар или нутриционист за да се утврди дали навистина имате потреба од одредени витамини или минерали.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аеродромoт во Нов Зеланд воведе ограничување за прегратки од три минути
Следна Статија Ристовски: Македонскиот спорт е на катастрофално ниво и му треба ресетирање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

МЗ: Извршена е трансплантација кај пациент, со руптура на преден вкрстен лигамент

Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој…

February 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во 2023 година во Македонија имало 258 патронажни сестри што е недоволно за да се обезбеди квалитетна грижа за сите мајки и деца

Речиси 300.000 жени годишно го губат животот поради компликации поврзани со бременост и породување. Повеќе од два милиони бебиња умираат…

April 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Козле преполна со заболени од сезонски грип

Ширењето на сезонскиот грип ги наполни речиси сите кревети на Клиниката за детски белодробни заболувања. Во Козле лежат 60 деца…

January 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, покажува најновото европско истражување

Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, а потоа следат бензодиазепините, производите со CBD/ниско THC и кокаинот, покажува Европското веб истражување…

May 19, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?