Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни
ЕКОНОМИЈА

„Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни

Објавено May 5, 2026 19:26
Сподели
Сподели

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ донесе одлука за суспендирање на директната линија Франкфурт-Скопје во текот на целиот месец јуни. Истовремено, „Аустријан ерлајнс“ го одложи почетокот на новата авиолинија Виена-Охрид, што претставува нов бран промени во летниот распоред на оваа групација.

Последниот директен лет од Франкфурт за Скопје е закажан за 31 мај. До средината на овој месец линијата ќе сообраќа секојдневно, а до крајот на мај бројот на летови ќе се зголеми на девет до десет неделно. Сепак, во текот на јуни нема да има директна поврзаност, а обновување на рутата се очекува од 1 јули, иако распоредот се уште не е официјално потврден.

Од компанијата посочуваат дека патниците за Скопје ќе можат да патуваат преку Виена, каде што превозот ќе го преземе „Аустријан ерлајнс“, исто така членка на „Луфтханза груп“.

Промени има и на аеродромот во Охрид. „Аустријан ерлајнс“ го одложи воведувањето на линијата од Виена, па наместо на 17 мај, првиот лет е планиран за 21 јуни. Оваа релација ќе биде активна до 18 октомври.

Овие одлуки доаѓаат по турбулентен период за германскиот превозник, кој во април се соочи со штрајкови и затворање на подружницата „CityLine“. Само за јуни, „Луфтханза“ откажала 944 неделни летови низ својата европска мрежа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Банкротот тропа на врата, за две години Владата ја задолжи државата за нови 2,3 милијарди евра
Следна Статија Трамп: Иран нема никакви шанси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен Германец во Скопје

На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода…

August 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Стабилноста на денарот останува цврста определба, банкарскиот систем е стабилен

Стабилноста на денарот нема и не смее да се доведе во прашање. Тоа е одамна затворено прашање“, порача гувернерот на…

June 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата во моментов преговара со 15-тина странски компании за инвестирање во Македонија

Рекордно ниво на странски инвестиции во 2024-та од една милијарда евра и најави за инвестициски бум годинава. Со 8 нови…

January 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на биткоинот паѓа со илјадници долари во минута

Вредноста на најпознатата криптовалута, биткоинот, доживува драматичен пад — цената опаѓа со илјадници долари за само неколку минути, предизвикувајќи паника…

October 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?