Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија загуби два поена од индексот на корупцијата во 2024 година, со 40 поени на 88-мо место во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија загуби два поена од индексот на корупцијата во 2024 година, со 40 поени на 88-мо место во светот
МАКЕДОНИЈАСПОРТ

Македонија загуби два поена од индексот на корупцијата во 2024 година, со 40 поени на 88-мо место во светот

Објавено February 11, 2025 11:18
Сподели
Сподели

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на Македонија во однос на минатата, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави. 

Со 40 индексни поени, што е за три под просекот од 43, земјава ја дели 88 позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам. 

Највисоко рангирана и годинава останува Данска со 90 индексни поени, по што следат Финска со 88 и Сингапур со 84 поени. На последно место е Јужен Судан со 8 индексни поени, додека пред него се Сомалија со 9 и Венецуела со 10 индексни поени. 

Од земјите во регионот најдоброрангирана е Грција, која иако стагнира е на 59 позиција со 49 индексни поени. 

Најлошо рангирана е Босна и Херцеговина, која бележи пад од 2 поени и е на 114 позиција со 33 индексни поени.

Најголем скок, од пет поени, од земјите во регионот има Албанија и е на 80 позиција со 42 индексни поени. Раст има и Косово од 3 поени и е на 73 позиција со 44 индексни поени.

Србија има пад од еден поен и е на 105 позиција со 35 индексни поени, исто како и Хрватска која има пад од 3 поени и е на 63 позиција со 47 индексни поени и Бугарија, која бележи пад од 2 поени, и е на 76 позиција со 43 индексни поени. 

Црна Гора стагнира е на 65 позиција со 46 индексни поени.

Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2024 година покажува дека корупцијата е опасен проблем во секој дел од светот, но промените на подобро се случуваат во многу земји. 

Додека 32 земји значително го намалиле нивото на корупција од 2012 година, има уште многу работа што треба да се заврши – 148 земји остануваат на истата позиција или бележат влошување во истиот период. Глобалниот просек од 43, исто така, стои во место со години, додека над две третини од земјите имаат резултат под 50. Милијарди луѓе живеат во земји каде што корупцијата уништува животи и ги поткопува човековите права.

Истражувањето исто така открива дека корупцијата е главна закана за климатските активности. Тоа го попречува напредокот во намалувањето на емисиите и прилагодувањето на неизбежните ефекти од глобалното греење. 

ИПК рангира 180 земји и територии ширум светот според нивното воочено ниво на корупција во јавниот сектор. Резултатите се дадени на скала од 0 (многу корумпирани) до 100 (многу чисти).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Паркот „Жена Борец“ во Скопје мета на вандали
Следна Статија (Видео) При обид да го ограби: фрижидер со пиво уби маж во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев: Се залагал за македонската кауза и соработувал со Марија Кири

На свечена церемонија во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова постхумно го одликува д-р Анастас Коцарев со Орденот „Илинден 1903“…

April 15, 2026

Родри во Реал!

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити и Шпанија, Родри, постигнал принципиелен договор за соработка со Реал Мадрид, објави новинарот…

July 23, 2026
СПОРТ

Пелистер ги загуби сите шанси во ЛШ

Тренерот на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, изрази задоволство од настапот на своите ракометари на гостувањето во Берлин…

February 28, 2025
СПОРТ

Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда

Околу 100.000 евра се собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда одигран пред осум дена на Арената „Тодор Проески“…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?