Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: За пожарот во Кочани се отвораат многу прашања во јавноста, постапуваме по наредбите од Обвинителството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: За пожарот во Кочани се отвораат многу прашања во јавноста, постапуваме по наредбите од Обвинителството
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: За пожарот во Кочани се отвораат многу прашања во јавноста, постапуваме по наредбите од Обвинителството

Објавено April 3, 2025 11:45
Сподели
Сподели

Истрагата за пожарот во Кочани е во тек и ќе одговара секој еден без оглед дали сторил или не сторил одредено дејствие врз основа на кое што ќе може да се извади причинско последична врска со предметниот кривично-правен настан, посочи денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по обраќањето на Јавната дебата по повод Неделата на пешаците во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Многу прашања поврзани со овој случај се отвораат во јавноста, нагласи министерот, но сепак, вели во овој момент носител на самата постапка е јавниот обвинител.

– Многу прашања се отвораат во јавноста, но сепак, во овој момент носител на самата постапка е јавниот обвинител. Тој е „dominus litis“ којшто е носител на кривичната постапка. Минстерството за внатрешни работи постапува по сите наредби кои што се дадени од страна на Јавното обвинителство, истражуваме за разлика од претходно кога ниту едно лице не беше приведено, а притоа се загубија повеќе од 70 човечки животи во сите сообраќајни незгоди за кои во минатото не било поднесена ниту кривична пријава од страна на МВР. За разлика од тогаш сега покажуваме неселективна и ефикасна борба, рече Тошковски.

Од прес-службата на Јавното обвинителство, претходно информираа дека јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени, континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази.

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица. Со истрагата се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Тимот од јавни обвинители кој работи на случајот, како што информира претходно, работи на активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, како и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Зголемени плати, реален раст, Македонија се буди
Следна Статија Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јован Деспотовски остана без пасош

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски остана без пасош. Според полициски извори на Алфа ТВ, оформен е предмет против Деспотовски…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Доколку има иницијатива за средба Сиљановска Давкова-Жељазков на маргините на Самитот на НАТО тоа треба да се прифати

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека нема да присустува на престојниот Самит на НАТО во Хаг, таму ќе замине претседателката Гордана…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Прво проверка дали сте подобни, па после ќе полагате за дозвола за оружје

Преку новата апликација за оружје, целосно е променет процесот во МВР, сега наместо прво да плаќате за обука за поседување…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Нема да поднесам оставка, СДСМ е последниот што може да бара одговорност

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањата на СДСМ…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?