Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во Скопје и струмичко
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во Скопје и струмичко
МАКЕДОНИЈА

Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во Скопје и струмичко

Објавено February 5, 2026 23:16
Сподели
Сподели

Полицијата вечерва завршува заплена на речиси десет тони марихуана во Скопје, поврзани со претходно одземените пет тони во Србија, а складирани во кругот на фирмата инволвирана во случајот со нелегалниот шверц, дознава „Скопје1“ од извори вклучени во истрагата. Паралелно со оваа заплена, според истите извори, се спроведува и втора акција на локации надвор од Скопје, каде што се одземаат дополнителни 18 тони марихуана. Според неофицијалните информации, втората заплена е во струмичко.

Акцијата, која трае во текот на целиот ден, ја спроведува Министерство за внатрешни работи под насоки на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со тоа, се одзема вкупна количина од околу 27 тони марихуана, што според достапните информации претставува најголема конфискација на дрога во Македонија за која досега се слушнало во јавноста.

Акцијата следи по настаните од пред четири дена, кога во Србија беа пронајдени и одземени пет тони марихуана за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин поврзан со семејство во село во Крушевац.

Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година, со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата има акционерски капитал од околу 529 илјади евра и повеќе ко-сопственици. Интересно е што има измени во сопственичката структура денови пред да бидат фатени шверцуваните пет тони во Србија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 600 евра минимална плата: Филипче бара кратење луксуз за поголеми плати
Следна Статија Алфабет го изненадува пазарот со амбициозни планови за капитални расходи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерство за правда: Протестот покажа обид за манипулација со граѓаните од политички структури

Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на…

April 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Oбвинителството тврди дека целосно е разбиен криминалниот клан „Беланоца“ кој стои зад убиствата во „Шиша бар“ и Ханиоти

Обвинителство за гонење организиран криминал на дешенниот брифинг потврди дека е целосно разбиена крииналната група „Беланоца“ и втора група која…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жена психолог избркана од работа во струшката болница кога кажала дека е трудна – го загубила бебето од стре

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистерка по специјална едукација и рехабилитација од областа на оштетување на слухот и психотерапевтка…

November 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осудениците ќе добијат електронски алки, Пандов откри како истите ќе функционираат

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?