Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ќе воведува вештачка интелигенција во образованието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија ќе воведува вештачка интелигенција во образованието
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе воведува вештачка интелигенција во образованието

Објавено June 21, 2025 16:33
Сподели
Сподели

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.  Внимателно планираме и преку стратешки пристап постепено ќе ја имплементираме оваа технолошка иновација во начинот на учење, спроведување на наставата и генерално во развојот на човечките ресурси.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на  Меѓународниот самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.

„Препознаваме дека вештачката интелигенција не треба да го замени човечкиот фактор во образованието, туку да го дополни и унапреди, создавајќи услови за персонализирано учење кое ќе одговори на индивидуалните потреби на секој ученик, студент и наставник. Оваа технологија треба да ни овозможи да создадеме образовна средина каде што секој поединец може да го развие својот потенцијал до максимум, независно од неговите почетни способности или социо-економски услови“, рече Јаневска.

Министерката посочи дека воведувањето на вештачката интелигенција во основното образование е првиот и најкритичен чекор. Децата прво треба да стекнат основно разбирање што е вештачката интелигенција, како функционира, каде се среќава во секојдневието и дека треба да се фокусираат на нејзиниот етички пристап.

„Учениците мора да научат да бидат критички кон информациите кои ги добиваат од ВИ системите. Треба да бидат свесни дека вештачката интелигенција може да прави грешки и да има пристрасности и затоа податоците и изворите мора да споредуваат. Во таа насока, улогата на наставникот е клучна и тој треба да ги води учениците низ процесот на критичко размислување и етичка употреба на оваа технологија“, нагласи Јаневска.

Информираше дека работна група на Министерството за образование и наука со професори од факултети по информатика, работи на подоготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието.

Министерството за образование и наука во изминатиот период интензивно работеше на дигитализација на образовната сфера.

Јаневска информираше дека најголем дел од услугите кои ги нуди образовниот систем, како запишување на ученици во основно и средно училиште, нострификација на дипломи стекнати во странство, доделување на ученички и студентски стипендии, сместување во ученички и студентски домови и аплицирање на конкурси од областа на науката се дигитализаирани. Воспоставен е систем за учење на далечина, а етапно се воведуваат и дигитални интерактивни учебници. Училиштата се опремуваат со современа ИТ опрема за безбеден интернет и креативна настава, а наставниците  посетуваат обуки за да одговорат на дигиталните предизвици.

Меѓународниот самит за образовни технологии се организира по шести пат. Оваа година над 100 учесници – креатори на образовни политики од повеќе земји, претставници на образовни установи, глобални техничко – технолошки компании и технолошки паркови се фокусираат на обликување на иднината на образованието преку примена на вештачката интелигенција. На повеќе од 50 сесии на кои се дискутира за трансформативната моќ на дигиталните иновации во образованието и се разменуваат искуства поврзани со креирање стратегии за интегрирање на технологијата во образовните системи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија доби хаубици БОРАН (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Израел објави снимка од ликвидацијата на командантот на Иранската револуционерна гарда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Со највисоки почести пречекана владината делегација предводена од премиерот Мицкоски во Приштина

Со интонирање на македонската, а потоа и на косовската химна, со највисоки почести денеска во Приштина беше пречекан премиерот Христијан…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тирана и Приштина новогодишно украсени, Скопје станува како касаба од ден на ден

Од вчера почнаа да се поставуваат новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје! Но, очигледно засега, според жителите, нема претпразнична…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на Богдан Илиевски тврди дека врз него се правел притисок од поранешната власт да ја…

January 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се роди белоглав мршојадец во скопската зоолошка градина

Среќни сме што после три години повторно имаме бебе белоглав мршојадец, се вели во Фејсбук статусот на скопскаата зоолошка градина.…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?