Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Макрон го осуди израелскиот напад врз Бејрут
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Макрон го осуди израелскиот напад врз Бејрут
СВЕТ

Макрон го осуди израелскиот напад врз Бејрут

Објавено March 28, 2025 20:59
Сподели
Сподели

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го осуди денешниот израелски напад врз Бејрут и го повика Израел да се повлече од петте позиции во Либан.

Денешните напади и непочитување на примирјето се еднострани акции со кои не се исполнува даденото ветување и се во корист на Хезболах, изјави Макрон на заедничката прес-конференција во Париз со либанскиот претседател Џозеф Аун.

Тој најави дека во текот на денот ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата во Либан.

Макрон потенцира дека Франција и понатаму ќе биде на страната на Либан, за да му помогне да го зачува својот суверенитет и да му гарантира безбедност.

Тоа сакаме да работиме со вас на југот. Тоа сакаме и да го работиме и на границата со Сирија, каде ситуацијата, исто тѕака е крајно деликатна, наведе Макрон.

И Аун го осуди денешниот воздушен напад врз едно јужно предградие на Бејрут, како и секој обид Либан „да се врати во кругот на насилство“. Според него, Израел со нападот го крши договорот за примирје.

Ги повикувам пријателите на Либан брзо да дејствуваат за да се спречи влошување на ситуацијата и да помогнат во примена на меѓународните резолуции, посочи Аун.

Израел утрово го изврши првиот напад врз Бејрут од стапувањето во сила на прекинот на огнот на 27 ноември 2024 година, во последната војна помеѓу Израел и либанското движење Хезболах. Оттогаш, и покрај примирјето, Израел речиси секојдневно извршува воздушни напади врз јужен Либан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влатко Тасевски нов генерален секретар на РФМ
Следна Статија Мицкоски во Струмица: Заедно со народот, да ги ангажираме сите капацитети, заедно да го рестартираме системот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

И Европската Унија ги стави на пауза царините за САД

Европската Унија одлучи да ги паузира своите контрамерки на американските царини на 90 дена за да отвори простор за преговори.…

April 10, 2025
СВЕТ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во Израел

Будење со звукот на сирените за воздушен напад, трчајќи кон засолништа, барајќи бегство на интернет. Илјадници туристи во Израел се…

June 15, 2025
СВЕТ

РеактОС постигнува огромно подобрување на мрежните перформанси

Долгоочекуваниот 'отворен-извор Windows' проект прави значителни чекори напред

January 20, 2026
СВЕТ

Млад човек извлечен жив од урнатините пет дена по разорниот земјотрес: бројот на загинати во Мјанмар се искачи на 2.886

Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 2.886, а 4.639 лица се повредени, а 373 се…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?