Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија
МАКЕДОНИЈА

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

Објавено October 18, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски дискусии, кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата, односно со работи кои спаѓаат во доменот на Законодавниот дом и на државните институции, се наведува во соопштението од МАНУ во однос на најавите од некои политички партии за основање на академија на етничките Албанци во Македонија.

– Напоменуваме дека во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии. Постојат примери во државите во регионот и пошироко за формирање на т.н. струкови академии во рамките на соодветни стручни здруженија (Академија за архитектура, Академија за медицински науки и др.), како и други научно-уметнички друштва во поголемите градови и во регионалните центри, но нема примери за формирање на паралелни национални академии, се подвлекува во соопштението од Претседателство на МАНУ.

МАНУ секогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и од каква било друга припадност. За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа. Од нејзиното основање до денес, членови во Академијата биле припадници на македонскиот народ, но исто така и на сите етнички заедници. Меѓу другото, во последните петнаесетина години, во составот на МАНУ членуваа четири члена со албанска етничка припадност (од коишто, во трите последователни раководства, еден од нив ја извршуваше функцијата научен секретар, а двајца беа потпретседатели на Академијата, од кои еден и со мандат во актуелното раководство на Академијата), како и четири члена надвор од работниот состав“, посочуваат оттаму.

МАНУ, се наведува во соопштението, претставува најзначајна национална научна и уметничка институција од посебен општествен интерес во нашата држава, формирана во 1967 година, во согласност со највисоките универзални научни и уметнички стандарди и критериуми. Таа, повеќе децении наназад, со својата научно-истражувачка дејност, преку своето творештво и со советодавната улога, претставува столб во градењето и во зачувувањето на идентитетот и на државноста на македонскиот народ и на деловите од другите народи кои живеат во земјата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Косовари се фатени во близина на Дубровник во обид да прошверцуваат 63.000 психотропни таблети
Следна Статија Вања на интернет комуницирала со момче од Шведска кое на профилот имало знамиња од ИСИС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се затвораат административните прашања- ќе се уредува паркинот на Клинички

Владата донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”. Со оваа одлука, како што информира…

February 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јахоски излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети

Стан од 344 квадратни метри на фирмата Би-холдинг, чиј сопственик е Хана Јахоска и со проценета вредност од околу милион…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Велики петок, најтешкиот ден во годината

Денеска е Велики Петок- ден од Страдалната Седмица, христијански празник на денот кога е распнат Исус Христос. Овој ден е…

April 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Лани Македонците „уплатиле“ 209 милиони евра во спортските обложувалници, просечната уплата по тикет била 269 денари

Минатата година македонските граѓани оставиле над 209 милиони евра (12,86 милијарди денари) во спортските обложувачници, покажуваат податоците на Управата за…

August 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?