Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: Нови 116 милиони денари за 47 проекти за поддршка на развојот на најмалку развиените региони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Перински: Нови 116 милиони денари за 47 проекти за поддршка на развојот на најмалку развиените региони
МАКЕДОНИЈА

Перински: Нови 116 милиони денари за 47 проекти за поддршка на развојот на најмалку развиените региони

Објавено June 4, 2025 16:40
Сподели
Сподели

Денеска, на 40. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беа разгледани и усвоени предлог одлуките за распределба на средства од Програмата за рамномерен регионален развој. Практично, со ова заврши првата фаза за распределба на средствата од буџетската Програма за рамномерен регионален развој и одлуките ќе бидат доставени до Владата на усвојување, со што ќе се овозможи финансирање на 47 проекти во вкупна вредност од приближно 116 милиони денари.

Проектите што ќе бидат поддржани се насочени кон развојот на планските региони, подрачјата со специфични развојни потреби, селата и урбаните подрачја. Оваа програма претставува клучен инструмент за обезбедување рамномерен развој во целата држава, бидејќи средствата се распределуваат според степенот на развиеност на регионите, при што најголема поддршка добиваат регионите со најнизок степен на развој.

Оваа програма е од исклучително значење за нашата држава. Соодветната распределба на финансиските средства ќе придонесе за зајакнување на локалните заедници, унапредување на инфраструктурата и создавање подобри услови за живот на граѓаните“, истакна министерот Перински по седницата на Советот  кој практично е координативно тело меѓу надлежните министерства што имаат буџетски програми со влијание на регионалниот развој, но обезбедува и координација со Советите за развој на планските региони, каде членуваат градоначалниците од соодветниот плански регион.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Модриќ пред трансфер во Милан
Следна Статија „Пари“: Како без вработени се вртат 530 милиони евра? Ни денар од заработката не се двои за плати, здравствено и пензинско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кошта ни порача дека е време за чекор напред

Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ многу години, време е да се направи чекор напред, вели во официјалното…

May 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Секој граѓанин лани создал по 438 килограми комунален отпад

Вкупното количество собран комунален отпад во државава во 2024 година изнесува 637.471 тон и споредено со 2023 година, бележи зголемување…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК ја презема контролата врз воздушните потраги и спасување од 1 февруари

Од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе биде под надлежност на…

November 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Падна пресудата за Лидија Димова: Апелација го врати случајот на почеток

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?