Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Управниот суд го поништи како незаконит изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е известителка за предметот за законот за јазиците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Управниот суд го поништи како незаконит изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е известителка за предметот за законот за јазиците
МАКЕДОНИЈА

Управниот суд го поништи како незаконит изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е известителка за предметот за законот за јазиците

Објавено May 19, 2025 11:04
Сподели
Сподели

„Уставниот суд остана без еден уставен судија, откако Управниот суд го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска од 2023 година како незаконски. Судијката Дуковска е известител во предметот со кој ќе се оценува уставноста и законитоста на Законот за употребата на јазиците, како и за други актуелни предмети, меѓу кои и измените на Кривичниот законик со кои се намали казната за злоупотреба на службената должност. Со поништувањето на изборот на Дуковска како незаконски, оценката на Законот за јазиците ќе мора да почека, затоа што Уставниот суд веќе донесе одлука дека за тој закон мора да се одлучува во полн состав, со 9 уставни судии.“ – објави информативната агенција Нетпрес.
Управниот суд одлучувал по тужба од судијката Антоанета Димовска, која тогаш била еден од трите кандидати за избор на уставен судија Димовска сега е членка на Судскиот совет.
Според Управниот суд, со изборот на Димовска две институции постапиле противуставно, првата е Судскиот совет, преку ускратување на правото на еднаква можност на останатите кандидати, а втората е Собранието, кое со 64 гласа „за“ ја избра Дуковска за уставна судијка.
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе го извести Судскиот совет, од кој ќе побара да спроведе нова постапка за избор, според насоките на Управниот суд. Собранието ќе го извести и Уставниот суд дека уставната судијка Елизабета Дуковска била избрана противуставно и треба да се повлече од функцијата.
Дуковска е избрана за уставен судија во април 2023 година, на предлог на Судскиот совет, чиј претседател тогаш беше Весна Дамева, а ја изгласа Собранието, чиј претседател беше Талат Џафери. Според Управнот суд, Дамева и Џафери постапиле неуставно и незаконски!
Од записникот на седницата на Судскиот совет за избор на уставен судија од редот на судиите, се гледа дека било утврдено дека има тројца кандидати и тоа Елизабета Дуковска, судија на Апелациониот суд Скопје, Татјана Сусулеска, судија на Апелациониот суд Битола и Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје. На седницата не била дадена оценка на секој од кандидатите и не била утврдена ранг-листа, Исто, ниту еден од членовите на Судскиот совет не добил биографија на трите предложени кандидати.
Во тужбата од Димовска до Управниот суд стои дека по утврдувањето на редоследот на гласање се пристапило кон гласање за првопредложениот кандидат Елизабета Дуковска, па од вкупно 13 гласови, 11 гласа биле „за“, додека „против“, гласале 2 члена на Судски совет. Со оглед дека бил исполнет законскиот услов да гласаат најмалку 8 члена со право на глас, претседателот на Судски совет Дамева констатирала дека е утврден предлогот за кандидат за избор на уставен судија. Дамева не дозволила гласањето да продолжи за останатите двајца кандидати и на тој начин им го ускратила правото на еднакви можности да бидат утврдени како предлог за избор на уставен судија.
„Според записникот на седницата немало никаква расправа за оценките за кандидатите и со тоа начинот на кој бил утврден редоследот на гласањето за кандидатите бил арбитрарен и целосно спротивен на правилата на постапката бидејќи тие не регулираат ваков редослед на гласање. На членовите на Судскиот совет им било познато дека нема правила за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија на Уставен суд, поради што не смеело да се ускрати можноста да се гласа за трите кандидати наместо само за првиот“, се дел од повредите кои ги направил Судскиот совет, а ги навела тужителката во барањето за поништување на изборот на Дуковска.
Се очекува дека денеска претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини ќе ја образложи одлуката за поништувње на изборот на Дуковска.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за ТВ Алсат најави дека со допис ќе побара од Судскиот совет да спроведе постапка во согласност со насоките на Управниот суд. Според тие насоки, Советот мора да ги стави на гласање сите тројца кандидати и потоа да достави нов предлог до Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот
Следна Статија Во Крушево се одржа првото државно првенство во планински велосипедизам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

НАМАЛЕНИ И ДО 75%: Од денес стапуваат на сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижности

Од денес стапуваат на сила новите намалени цени за голем дел од услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Минатата…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа

Традиционално, со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена и народен собир во атарот на црквата „Свети Архангел Миахил“, каде…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува. Нека нивната жртва…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин со специјален лет се враќаат во Македонија

Македонски државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, а побарале да бидат евакуирани, денеска од Ријад ќе…

March 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?