Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СЕ ПРОДАВА ЛУКСУЗОТ НА ГРУЕВСКИ Државата ги пушти во продажба становите на Водно кои вредат над 2,4 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > СЕ ПРОДАВА ЛУКСУЗОТ НА ГРУЕВСКИ Државата ги пушти во продажба становите на Водно кои вредат над 2,4 милиони евра
МАКЕДОНИЈА

СЕ ПРОДАВА ЛУКСУЗОТ НА ГРУЕВСКИ Државата ги пушти во продажба становите на Водно кои вредат над 2,4 милиони евра

Објавено June 28, 2025 07:59
Сподели
Сподели

Пет стана, за кои судот утврди дека се во сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски, официјално се ставени на продажба. Имотите беа конфискувани во случајот „Плацеви на Водно“, а Агенцијата за управување со одземен имот ги огласи на јавно наддавање, објави Фокус.

Се работи за три ексклузивни луксузни станови во елитниот комплекс „Панорама“ на Водно, со вкупна површина од 750 м² и вкупна проценета вредност од над 2,4 милиони евра. Становите се луксузно уредени, со пространи балкони и панорамски поглед кон градот.

Огласени се следните недвижнини:

Стан 1: 155 м² + 95 м² балкон – цена: 760.000 евра

Стан 2: 199 м² + 48 м² балкон – цена: 847.000 евра

Стан 3: 200 м² + 48 м² балкон – цена: 851.000 евра

Покрај становите на Водно, на продажба се ставени и два стана во Кисела Вода, во зградата каде што Груевски живееше пред бегството во Будимпешта. Едниот стан има површина од 57 м² и е понуден по цена од 63.000 евра, а вториот од 38 м² се продава за 44.000 евра.

Продажбата на имотот се спроведува согласно новиот Закон за управување со одземен имот, донесен во март 2025 година. Со овој закон се забранува учество на членови на семејството на поранешните сопственици во јавни аукции.

Огласената продажба на становите на Никола Груевски се смета за симболичен, но важен чекор во враќањето на средствата стекнати преку криминал и обнова на довербата во владеењето на правото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јувентус нуди 50 милиони евра за „бедемот“ на одбраната на Барселона
Следна Статија Во Србија се одбележува Видовден – Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Како Сорос интервенираше со долари од УСАИД во Албанија и против ВМРО-ДПМНЕ во Македонија?

Американскиот медиум „Townhall“ посвети текст на истрагата што администрацијата на Трамп ја спроведува во врска со Американската агенција за меѓународен…

February 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите од Законот за одбрана, со укази изврши поставување на старешини на формациски места…

March 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Државата очекува јасна посветеност од ЕУ, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба во Владата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, истакнал дека државата…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково

На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни,…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?