Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Крушево се одржа првото државно првенство во планински велосипедизам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Во Крушево се одржа првото државно првенство во планински велосипедизам
СПОРТ

Во Крушево се одржа првото државно првенство во планински велосипедизам

Објавено May 19, 2025 13:49
Сподели
Сподели

Крушево викендов беше домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам – МТБ Маратон. Организатори на маратронот се велосипедскиот клуб „Energi Cycling“ и Велосипедската федерација на Македонија.

Настанот беше отворен за натпреварувачи и рекреативци од целиот Балкан со цел да ги промовира локалната природа, културата и историјата, да ја подигне еколошката свест и да го поттикне велосипедизмот како спорт и рекреација, соопштуваат од Швајцарската програма „ИМЕ“.

Според организаторите, Крушево станува атрактивна дестинација за планински велосипедизам. Има нови велосипедски патеки и подобрената туристичка инфраструктура. За учесниците патеките се одлично обележани, а природата околу Крушево неверојатна.

МТБ Маратонот е дел од официјалниот календар на Велосипедската федерација на Македонија и е според стандардите на УЦИ (Union Cycliste Internationale).

– Ова е првпат да се одржи државно првенство во дисциплината маратон. Натпреварувачите кои се пласираа во генералниот пласман освоија УЦИ поени и се најдоа на светската ранг-листа на Светската велосипедска федерација, вели Љубиша Кондев од клубот „Energi Cycling“.

Беа доделени признанија и награди во сите возрасни категории. Учесниците можеа да изберат меѓу две рути: мал маратон од 25 километри со искачување од 650 метри и голем маратон од 75 километри со искачување од 2.000 метри.

Крушево е препознатливо по параглајдерство, во јули и август се европсјките и светски првенства, а со добра инфраструктура станува атрактивно и за планинскиот велосипедизам.

Маратонот се одржа со поддршка од швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост „ИМЕ“,  на Општина Крушево и на хотелите Панорама и Монтана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Управниот суд го поништи како незаконит изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е известителка за предметот за законот за јазиците
Следна Статија Италија нуди 100.000 евра за преселба – познат холивудски актер воодушевен (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ на убедлив начин стигна до победа во мечот од второто коло на Вимблдон против…

July 3, 2025
СПОРТ

„Sold out“: Салата во Охрид распродадена за 15 минути

Македонскиот претставник во финалето на ЕХФ Европскиот куп ГРК Охрид на социјалните мрежи објави дека влезниците за реванш финалето со…

May 21, 2026
СПОРТ

Приходот од билетите од натпреварот Пелистер- Вардар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Од ФК Пелистер Битола известија дека приходот од билетите на натпреварот Пелистер-Вардар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите…

March 21, 2025
СПОРТ

Шеф на Рамс за иднината на Метју Стафорд: Емоционален одговор по тешкиот пораз

Стафорд одбива да генерализира по загубата во НФЦ натпреварувањето

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?