Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Италија нуди 100.000 евра за преселба – познат холивудски актер воодушевен (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Италија нуди 100.000 евра за преселба – познат холивудски актер воодушевен (ВИДЕО)
ЗАБАВА

Италија нуди 100.000 евра за преселба – познат холивудски актер воодушевен (ВИДЕО)

Објавено May 19, 2025 11:08
Сподели
Сподели

Почетокот на годинава беше објавено дека Трентино нуди до 100.000 евра за оние кои ќе одлучат да се преселат во оваа идилична италијанска регија.

Овој потег е уште еден обид да се населат повторно и обноват повеќе од 30 градови во Италија кои се на работ на исчезнување. Во некои од тие градови има повеќе напуштени отколку населени објекти.

Во обид да ја поттикне купопродажбата на напуштени или руинирани куќи, Трентино одвои повеќе од 10 милиони евра за наредните две години за проектот. Токму таму се упати холивудскиот актер Стенли Тучи – во новата серија на „National Geographic“ тој го истражува најсеверниот регион на Италија – Јужен Тирол.

Како најбогат регион по глава жител во Италија, Јужен Тирол „може да се пофали со една од најефикасните железнички услуги во целата земја“, па затоа Стенли патува со воз низ регионот.

– Толку е убаво да се патува со воз… Само лозје до лозје, и многу добро вино, морам да додадам – вели тој.

На своето патување, тој пробува широк избор на јадења, вклучувајќи изненадувачки вкусна супа од сено и песто од иглички од бор, пишува „Дејли мејл“.

Секој што ќе одлучи да се пресели мора да се обврзе на ова

Исто така уживал и во њоки кои му ги послужил готвачот Егoн Хајс, награден со Мишелин ѕвезда, во замокот Кастел Фрагсбург во Мерано. Мерано, Тучи го опишува како совршен спој на италијанска и австриска култура.

Во главниот град на Јужен Тирол, Болцано – кој „долго време бил точка за застанување за странци што ги минуваат Доломитите“ – Стенли ја посетува локалната пазарна тезга за храна каде пробува колбас.

– Толку е добар со тој совршен сенф. Не е лут, но има целосен пиперлив вкус на димена колбасица – вели тој.

– Обожавам што можете да најдете неверојатни италијански производи, но и австриски леб и колбаси. Неверојатно е. Одлична комбинација на две различни кујни.

На оние кои размислуваат да се преселат во Трентино им се нуди грант од околу 80.000 евра за реновирање, како и дополнителни 20.000 евра за помош при купување имот.

Сепак, секој што ќе одлучи да аплицира, мора да се обврзе дека ќе живее во Трентино десет години или, ако тоа не успее, да се согласи да го издава имотот во ист период.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Крушево се одржа првото државно првенство во планински велосипедизам
Следна Статија Победник на хрватските општински избори го прослави триумфот по гаќи (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Морето исфрлило на брегот чудно суштество, изгледа како вонземјанин (ФОТО)

Корисниците на социјалните мрежи останаа шокирани од фотографиите на „чудно суштество со пипала“, кое морето го исфрли на брегот на…

November 3, 2024
ЗАБАВА

Морничаво предвидување на Баба Ванѓа: Еве што најави за 2025 година

Вангелија Пандева Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, е родена во 1911 година во Македонија, а починала на 11 август 1966…

October 13, 2024
ЗАБАВА

Ако сте меѓу овие 4 хороскопски знаци, ќе си ја најдете сродната душа до крај на летото

Според астролозите, постојат 4 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта на својот живот до крајот на летото 2025 година.…

June 16, 2025
ЗАБАВА

Грчката кујна е најдобра во светот, а како стои македонската во регионот?

Светски познатиот гастрономски водич Taste Atlas ја објави својата годишна листа на најдобри кујни во светот. Сите кујни се рангирани…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?