Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меланија не нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја корегирала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Меланија не нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја корегирала
МАКЕДОНИЈА

Меланија не нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја корегирала

Објавено March 27, 2026 07:29
Сподели
Сподели

Грчката амбасада во Вашингтон презела формални мерки по говорот на Меланија Трамп во кој таа ја нарече Република Северна Македонија едноставно „Македонија“. Интервенцијата била објаснета како корективна мерка наменета да се почитуваат правните стандарди од Преспанскиот договор од 2018 година.

 

За време на нејзините говори на еден настан со висок профил претходно оваа недела, првата дама го употреби името „Македонија“ за да го опише северниот сосед на Грција. Бидејќи, според грчките толкувања,терминот „Македонија“ се однесува исклучиво на историската и географската грчка провинција, неговата употреба како име за странска држава е чувствително за Атина. Според нив принципот erga omnes на Преспанскиот договор налага нашата држава да мора да се нарекува „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни контексти.

 

 

 

Оваа дипломатска интервенција го одразува големото внимание на Атина кон случувањата во Вашингтон, нагласувајќи дека квалификаторот „Северна“ во името на земјата што граничи со Грција е правно обврзувачки, а не опционален, и има за цел да го заштити посебниот идентитет на грчкиот регион Македонија.

Инаку, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, го продолжи своето учество на глобалниот самит во Белата куќа, во организација на правата дама на САД, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието.Овој настан во рамките на иницијативата „Fostering the Future Together“, претставува историски самит, како најголемо меѓународно собрание организирано од прва дама на САД, на кој учествуваа претставници од рекордни 45 земји и водечки технолошки компании.

 

Во рамките на самитот, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска оствари краток разговор и размени мислења со првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп како и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.

 


Настанот беше насочен кон унапредување на образованието, дигиталната писменост и употребата на технологија и вештачка интелигенција за поддршка на децата ширум светот.

Централен момент беше претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обрати и комуницираше со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.Овој дел од програмата беше замислен како симбол на технолошкиот напредок и улогата на САД во развојот на иновации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Македонија од држава за потсмев во криза, сега е фактор на енергетска стабилност
Следна Статија АВМУ за случајот со Славески: Функционерите да се однесуваат со почит кон новинарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Британската амбасада со официјална Фејсбук потврда дека договорот со Македонија е зајакнување на пријателството и економскиот раст и развој

На официјалниот Фејсбук-профил на Британската амбасада се појави вест која јасно ја потврдува големината и суштината на историскиот договор за…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина

Денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Денес во неа…

April 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Почина Зоран Василевски Фаци, ја загуби битката со ракот

За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар,…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?