Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АВМУ за случајот со Славески: Функционерите да се однесуваат со почит кон новинарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АВМУ за случајот со Славески: Функционерите да се однесуваат со почит кон новинарите
МАКЕДОНИЈА

АВМУ за случајот со Славески: Функционерите да се однесуваат со почит кон новинарите

Објавено March 26, 2026 15:46
Сподели
Сподели

Почитувањето на професионалните стандарди е неопходно во комуникацијата со медиумите – реагираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во врска со последниот јавен настап на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, конкретно на неговата комуникација со новинар од Канал 5.

Од АВМУ посочуваат дека новинарските прашања, како составен дел од демократскиот процес, не смеат да се третираат како напад, а новинарите не смеат да се дискредитираат поради извршување на своите обврски.

„Носителите на јавни функции имаат обврска да демонстрираат високо ниво на политичка култура, одговорност и професионалност, со што придонесуваат кон јакнење на довербата на граѓаните и медиумите во институциите. Ова е особено значајно имајќи ја предвид нивната улога во обезбедувањето транспарентност и отчетност кон јавноста. Сите јавни функционери да покажат соодветна почит кон медиумските професионалци и да вложат максимални напори за обезбедување услови за достоинствено, слободно и непречено извршување на нивната работа“,апелираат од АВМУ.

Во врска со настанот од вторникот, вчера остро реагираа и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), посочувајќи дека наместо јасни одговори на прашања од висок јавен интерес, гувернерот одбрал потценувачки и дисквалификувачки однос кон новинарот.

„На директните новинарски прашања, Славески изјави дека прашањето е ‘апсолвирано’, а потоа на новинарот од Канал 5 му порача: ‘Добро, за ова разговарајте со вашиот уредник и прашајте го кои се мотивите за овој напад врз централната банка’. За ЗНМ и ССНМ, ваквиот настап е недозволив за носител на висока јавна функција“,велат од новинарското здружение и синдикатот.

Оттаму го повикаа гувернерот на НБ, но и сите останати носители на јавни функции, да се воздржат од дисквалификации, омаловажување и етикетирање на медиумите, а наместо тоа да покажат почит, транспарентност и одговорност во комуникацијата со новинарите.

„Новинарите не се должни да трпат омаловажување, инсинуации и префрлање на вина само затоа што поставуваат непријатни, но легитимни прашања во интерес на јавноста. Наместо аргументи и отчетност, јавноста виде обид новинарските прашања да се претстават како напад, а новинарите да се дискредитираат пред камери“,додаваат од ЗНМ и ССНМ, додавајќи дека критичките прашања не смеат да се третираат како непријателски чин, туку како составен дел од јавната отчетност и демократскиот надзор врз институциите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меланија не нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја корегирала
Следна Статија „Го знам премиерот“ не поминува веќе, вели Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Со се колата ме дигнаа – Таксистот Џелили опишува како му го дигнале автомобилот со пајак заедно со него на кровот

Откако вчера на паркингот кај Железничката и автобуската станица му го кренаа такси возилото додека беше качен на автомобилот, Фатмир…

April 29, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ да го праша Филипче како му е на јахтата, пред да зборува за стандардот, реагираат ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Венко Филипче…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите

Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и на услугите за пациентите е приоритет на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски.…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Неетичко известување од српски медиуми и странски дописници за погребот на загинатите во Кочани

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) и Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ реагираа на неетичко известување на…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?