Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Го знам премиерот“ не поминува веќе, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Го знам премиерот“ не поминува веќе, вели Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

„Го знам премиерот“ не поминува веќе, вели Мицкоски

Објавено March 26, 2026 15:51
Сподели
Сподели

Повеќе пати го кажувам тоа, а ќе го кажам и сега, нема полоша работа за една држава и за една нација од тоа да имаме луѓе кои што управуваат со институциите без разлика на кое ниво, а се нечии заложници, односно би рекол затруени, инфицирани од криминал и корупција, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија на денешната седница за пратенички прашања.

Премиерот Мицкоски апелираше до граѓаните да пријават секаков вид на злоупотреба, потенцирајќи дека на тој начин може да се фатат на лице место оние кои ги злоупотребуваат позициите.

Ова е резултат на пријава на жртва. После тоа се случуваат откривања и на други жртви кои што велат и јас бев и јас бев, но тоа претпоставувам ќе биде дел од истрагата понатаму за сите овие случаи. Јас затоа замолувам, доколку има граѓани, сопственици на компании кои што се жртва на било каква уцена, слободно мојот број е тој, непроменет, слободно можат да пријават ако сметаат дека можеме да помогнеме. Но, мора да учествуваат во процесот, за да можеме да дојдеме до фаќањето на лице место, вели тој.

Мицкоски ги коментираше и шпекулациите дека се апсат само лица од власта, а не од опозицијата, и рече дека очекува новиот јавен обвинител да се позанимава со ревизорските извештаи за работењето на функционерите од претходната власт, бидејќи како што рече таму постојат сериозни сомнежи за сторен криминал и злоупотреби на позициите.

Некои ќе рече, добро а што е претходните, ние не можеме од претходните да ги фатиме на лице место, бидејќи се опозиција, но затоа како што реков имаме ревизорски извештаи за кои што очекувам новиот јавен обвинител да се позанимава со нив, таму има основани сомневања за сторен криминал и злоупотреби. Но, сегашните можеме да ги фатиме, рече тој.

Мицкоски изјави дека има и такви лица кои се повикуваат во негово име, но како што рече се следи состојбата и соодветно ќе реагираат, бидејќи како што рече секоја акција има и реакција.

Има и посредници кои што велат “го знам јас премиерот, сега заедно ручавме, вечеравме, за да ти ја завршам оваа работа ќе треба ова и ова“, има и такви. И кога тие ќе се фатат, тие ќе кажат дали тоа го прават своеволно или имаат некој кој што им рекол тоа да го прави. Има такви посредници кои што ги мониторираме во овој момент, за различни институции. Ги мониторираме во моментот и чекаме да се случи потегот, а потоа и наш потег. Секоја акција има и реакција. Тоа е закон на физика, дециден е Мицкоски.

Претседателот Мицкоски вели дека само доколку граѓаните пријавуваат криминал и корупција и институциите реагираат навремено, може да се врати довербата кај граѓаните и да се врати правната држава.

Затоа е многу важно да имаме заедничка интеракција со граѓаните. Само на овој начин можеме да направиме правна држава и да ја вратиме довербата на граѓаните, кажа Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АВМУ за случајот со Славески: Функционерите да се однесуваат со почит кон новинарите
Следна Статија (ВИДЕО) Меланија се прошета со хуманоиден робот низ Белата Куќа: „Вештачката интелигенција го менува светот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вилма Русковска го пријавила Боки 13 за вознемирување

Поранешната специјална обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување. Според пријавата,…

December 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зиријета Јајага на местото на Нафије Селмани во Советот на АВМУ

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска едногласно усвои Предлог-одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со анкети за кандидати за градоначалници, најави Мицкоски

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Тимотеј изминатите неколку дена бил хоспитализиран поради…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?