Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мерки за претпазливост за тројцата насилници што го претепаа и избодеа 14-годишникот во Ченто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Мерки за претпазливост за тројцата насилници што го претепаа и избодеа 14-годишникот во Ченто
ХРОНИКА

Мерки за претпазливост за тројцата насилници што го претепаа и избодеа 14-годишникот во Ченто

Објавено July 7, 2026 11:32
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година.

Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, осомничените на 22 јуни учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото.

Предложените мерки на претпазливост вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице или кај надлежен државен орган, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница – се наведува во соопштението.

Дополнително, за осомничените се предложени и мерки за забрана за посетување на местото каде што се случил кривично-правниот настан, како и забрана за приближување или воспоставување какви било контакти со оштетеното дете и со неговите родители.

Од Обвинителството додаваат дека во меѓувреме продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдените траги и се преземаат други дејствија во насока на прибирање докази за целосно расчистување на случајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е голем празник: Иванден има лековита моќ
Следна Статија Девојка пронајдена мртва во стан во Солун, се претпоставува дека е од Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пожар во автосервис, опожарени четири патнички возила

На 05.01.2025 во 22:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Љубин, општина Сарај, настанал пожар во објект, сопственост…

January 6, 2025
ХРОНИКА

Внукот на таткото на Вања: Му пишав на Илон Маск за да го смирам вујко ми

Му пишав на Илон Маск на неговата социјална мрежа Икс за да го смирам вујко ми кој беше избезумен, рече…

November 15, 2024
ХРОНИКА

Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе

Седумнаесетгодишно момче од Свети Николе синоќа на забава запалил прскалка, при што од искрите настанал пожар и зафатил трева на…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Синот го земал службениот пиштол од таткото и се заканувал

На 13.06.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од…

June 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?