Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена
ЕКОНОМИЈА

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена

Објавено January 2, 2026 14:39
Сподели
Сподели

Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања.

– Денес остваривме средба со државниот секретар во Министерството за транспорт г-дин Стефан Волкановски во врска со делумниот бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт. На средбата отворено разговаравме за проблемот и ја известуваме јавноста дека истиот е надминат, исплатен е вториот дел од платата за месец ноември 2025 година и се работи активно на реализирања на останатите барања на Синдикатот, изјави за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикалната организација на машиновозачи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт..

МЖ Транспорт, дополнува Димовски, продолжува со непречена тековна работа и останува во тесна координација со државните институции за надминување на предзвиците со кои се соочува претпријатието.

Првите возови што ќе стартуваат попладне по прекинот на делумниот бојкот се на релациите Скопје – Гвегелија во 16:55 часот и Скопје – Куманово во 16:57 минути.

Во тек на бојкотот што почна вчера во 04.47 часот сообраќаа поголемиот дел од товарните возови.

Првиот дел од плататата за ноември е исплатен на 18-ти минатиот месец, а со денешната исплата се заокружува ноемвриската плата, додека продолжува координацијата за реализација на барањата на синдикатот за исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инспекторатот за животна средина вели дека Усје не загадува
Следна Статија Кина воведе данок на кондоми и контрацептивни таблети во обид да го зголеми наталитетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Клековски: Дебатата за минималната плата се води со погрешни споредби, Македонија не е на дното

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, вели дека јавната расправа за минималната плата во земјава е…

February 8, 2026

Азиските акции растат водени од Вол Стрит; Јужна Кореја се опoравува по тарифните затегнувања

Позитивни Signs на глобалните финансиски пазари со забележителен подем на азиските берзи

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Вајмо во преговори за подигање на фондови со вредност од 100 милијарди долари

Ventures за роботакси на Алфабет планира да се прошири во десетина градови, вклучувајќи Лондон и Њујорк

December 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата вртоглаво расте

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат со вртоглавиот раст, а минатата недела на лондонскиот пазар беше забележан скок од…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?